Љубителите на модата може да ја започнат својата предновогодишна шопинг магија на 16декември, в сабота, во студиото на „Драма“ во Скопје. Следат попусти и шопинг изненадувања на креациите на Ивана Кнез, познатите Love Cats дизајни на накит ќе може да ги купите 2 со попуст од 30%, колекцијата на облека од линијата Love Cats Ready to Wear ќе биде на 50% попуст, а најновата колекција Concept 2020 која беше претставена на последното издание на Моден викенд-Скопје ќе се продава со 20% попуст.
-Ние во „Драма“ студио сакаме нашите клиенти да ги изненадуваме постојано со креации на облека и накит кои ќе бидат намалени до -50%, со цел да ја испратат старата 2017 и да ја започнат новата модна 2018 година. Среќни празници ќе ви посакаме со дегустација на новите разновидни и вкусни слатки во градот Cookies&Cakes – велат од „Драма“ студио.
Модната дизајнерка Ивана Кнез за 2018 година најавува ново модно поглавје на „Драма“ кое ќе биде предизвик за тимот и за нејзините клиенти.
Нема коментари