• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

NoWasteMK е годинешниот проект на Моден викенд Скопје

Од stylist @StylistMKD · На октомври 12, 2021

1 FWSK

Под слоганот „Beyond the Fields”, се одржа 24. Моден викенд, кој годинава се пресели на локации надвор од Скопје. Кружна економија во модниот бизнис е акцентот кој годинава организаторката на Моден викенд Скопје, Света Богова-Јовановска го стави во фокусот и им даде простор за промоција на 30 креативци и нивните дела за време на иницијативниот проект NoWasteMK.

- Со затворањето на изложбениот салон во Битола и модниот перформанс на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“, успешно беше означен крајот на тридневното издание на настанот, во чиј фокус беше бавната мода и циркуларната економија под слоганот „Beyond the Fields“.

Преку шоу-рум, изложба, експериментална колекција и сет на разговори во Битола и Штип, со онлајн-вклучувања од Штип до Њујорк, NoWasteMK истражуваше и дискутираше на теми за одржливост, со цел да ги поттикне потребните промени кон поодржливо општество и индустрија, истакна Света Богова-Јовановска.

Првиот ден тема на дискусија беше поврзаноста помеѓу „slow food“ и „slow fashion“ и можностите за едукација на новите генерации за како сè можe да се вкрстат двата концепта за плодна иднина. Со „Слоу Фуд Македонија“, на автентична вечера, го промовираа светскиот тренд на соединување на здрава храна и мода, залагајќи се за одговорен однос кон планетата и животната средина.

Визијата на NoWasteMK беше да обедини различни индустрии во Македонија со цел да создаде ефикасен проток на креативност во различни сектори. Своето видување на концептот го претставија преку храна и отворија можност сите заедно да ги пронајдеме точките што нѐ спојуваат, да ја истражиме поврзаноста меѓу земјоделството, храната и модата, погледнувајќи низ призмата на одржливоста, циркуларната економија и локалната култура.

За време на вечерата на гостите им беше поставено едно прашање: „Што би било она што би можеле да го направите во моментов, придонесувајќи кон одговорна мода?“ Некои од уникатните одговори беа искористени во креирањето на програмата на Моден викенд, како: „Промена на односот кон шопингот, инвестирање во сезонски парчиња облека и донирање облека“, додека други одговори беа „Зголемување на побарувачката за прилагодена одржлива облека“ како и „Рециклирање стара облека и намалување на потребата од купување нови модни парчиња“.

2 FWSK
Пред јавни личности и љубители на убавиот дизајн, своите колекции ги прикажаа, како познати имиња од домашната сцена, така и млади таленти за кои допрва ќе се слушне.  

#NoWasteMК претставува фузија од физички и виртуелни активности, реализирани со грант од Circular Design Assembly, доделен од British Council со фасилитација од Ellen MacArthur Foundation и со поддршка од Британскиот совет во Македонија.

Последниот ден беше посветен на eдукација за одржливоста, проследен со професионални излагања на темата од претставниците на „Fashion Revolution“ во Македонија.

- Одржливата иднина во модната индустрија бара информираност, свесност и отвореност кон одржливи практики. Неопходно е успорување на потрошувачката која има тренд на пораст низ годините. Заедно со „FairWear“ и „Utopiic“ доближивме голем дел од начините на такво делување и ги изнесовме нашите видувања за развивање на свеста во таа насока. Развивме дискусија која ни докажа дека потрошувачите се заинтересирани за тематиката и сакаат да придонесат со попаметни куповни навики, изјави Ана Јакимовска, координатор на Fashion Revolution Macedonia.

Текстилната трговска асоцијација – Текстилен кластер, Македонското модно здружение предводено од дизајнерката Ирина Тошева, советничката за одржлив развој Шарлот Вандиерендонк и модната дизајнерка во подем Т*МИТРОВСКА со десетици врвни професионалци од креативната индустрија, презентираа успешни примери за системот на циркуларната економија во земјата и ги елаборираа предизвиците и можностите за нејзиниот развој.

На 3-ти октомври пред платото на Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, како дел од активностите на Моден викенд под мотото #NoWasteMK беа промовирани дел од активностите на проектот „Кружната економија како модел за решавање на текстилниот отпад во Општина Штип“. Во првиот дел на настанот беа презентирани придобивките од проектот финансиран од Глобалниот еколошки фонд , каде збор зеде  Златко Самарџиев, национален координатор на ГЕФ ПМГ во Македонија, како и координаторот на проектот проф. Игор Јорданов, основач на ИНО ТЕХ КЛУБ Штип. Во дебатата се приклучи и Борис Шарковски од Фондацијата за развој на локалната заедница и стави акцент на промоцијата на концептот на циркуларна економија и социјално претприемништво кое е во зародиш во нашата држава, а има огромен потенцијал за развојот на економијата.

Во Штип има над 80 текстилни компании, овој пионерски чекор што го започнавме преку овој проект очекуваме да се развива, да се одржува и да се следи и од други чинители како пример на добра пракса, изјави Дијана Насева од УГД, асистент на проектот и модератор на настанот.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • sf_ana_stojanova_naslovna_PR моден монитор

    Соработката на годината е тука – Ана Стојанова и „Sara Fashion“

  • 1 моден монитор

    Свадбен костим и комбинации со панталони наместо венчаница

  • mango моден монитор

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Асиметричен и плисиран фустан на Mango за сите пролетни забави

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • 1

    Белата маица евергрин во модата

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • ikiverse

    IKIVERSE на Искра Џокиќ Кецап – прва дигитална модна ревија на Моден викенд

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Памучна маица без ракави – од долна облека до тренди модно парче

    јуни 1, 2023
  • 1 zara

    Zara со мини колекција од лен како моден предлог за оваа сезона

    јуни 1, 2023
  • sf_ana_stojanova_naslovna_PR

    Соработката на годината е тука – Ана Стојанова и „Sara Fashion“

    мај 31, 2023
  • denim

    Пролетни комбинации со тексас-ткаенина

    мај 30, 2023
  • smoothie

    Енергетска бомба што ги топи масните наслаги

    мај 30, 2023

Убавина

  • korektor  (1)

    Четири бои на коректор и како правилно се употребуваат

    мај 16, 2023
  • avon

    НЕГА НА ЛИЦЕ: Како брзо да го обновите изгубениот колаген?

    мај 9, 2023
  • 60eb2318-b53f-489d-af28-34e0e9646727

    Очи врамени со туш за совршенa шминка

    мај 8, 2023
  • manikir

    Розовата и црвената споени на ноктите за разигран пролетен маникир

    април 20, 2023
  • 71b7ca00-c086-4757-9529-0ffaee3e38be

    Како до ефикасна заштита од сонце без лепливи остатоци на кожата и облеката

    април 18, 2023

Живот

  • smoothie

    Енергетска бомба што ги топи масните наслаги

    мај 30, 2023
  • ekopiknik

    „Екопикник во Центар“ со македонски производители на храна и пијалаци

    мај 19, 2023
  • Strawberry Chia Pudding

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

    мај 15, 2023
  • synlab

    На патувањето до најдобрата верзија од себеси, вие самите ја одредувате насоката

    мај 15, 2023
  • Cigari

    Студија покажа: Производите кои го загреваат тутунот им помагаат на луѓето да ги остават цигарите

    мај 11, 2023

Култура

  • mladi evropski prikazni

    „Млади европски приказни, млади креативци“ – фестивал посветен на детската креативност и книжевноста за деца

    мај 29, 2023
  • плакати

    Изложба на македонски музички плакати во рамките на „Скопски градски фестивал“

    мај 24, 2023
  • Реквием- слика

    Изведба на „Реквием“ од Џузепе Верди во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 23, 2023
  • indog

    Изложба „Во цут“ на дизајнерот Горан Костовски – Ind.o.g

    мај 12, 2023
  • 10_Отворен Саем на книга 2023

    Отворен 35. Меѓународен Саем на книга со богата програма и фокус кон нагласувањето на важноста на македонскиот јазик

    мај 5, 2023

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics