Една рекламна кампања за долна облека деновиве предизвика огромно внимание – брендот Naja со концептот #nudeforall претставува модни парчиња во бои кои одговараат за сите тонови на тело за жени од сите раси и етникуми, во исто време покажувајќи ја убавината на секоја нијанса на женско тело и објаснувајќи дека терминот NUDE не подразбира беж боја, туку боја на тен.
Брендот Naja претстави колекција од градници и гаќички во седум различни тонови на кожа. Каталина Џиралдо, извршен директор на брендот, идејата за овој концепт ја доби во 2012 година, а ја спроведе во 2014 година кога почна соработка со актерката Џина Родригез од серијата „Девицата Џејн“. Процесот почна со купување на разни козметички производи, потоа селектирање на 23 најчести нијанси, по што Џиралдо на јавен оглас повика жени од секојдневнот живот да ги пробаат различните тонови.
Новата кампања е резултат на тоа истражување за најчести тонови на тело, но во исто време значи и славење на вистинските жени кои доаѓаат во разни форми и бои. Во кампањата се појавуваат балерина, студентка на Харвард и инженер која работи во производство на електрични автомобили.
Нема коментари