Брендот Bimba Y Lola, инспириран од сликите на шпанската уметница Маруха Маљо, направи уникатна реклама за колекцијата пролет-лето 2014. Во фокусот е моделот Меги Маурер која е опружена со елементи налик на живиот свет во морињата. Брендот соработува со украинското креативно дуо Synchrodogs, во соработка со стилистката на облека Џулија Сар-Џамоа и реквизит-дизајнерката Ирене Гаро , кои направија морски амбиент во промоција на парчињата накит и нежните парчиња облека.
Нема коментари