Познатиот моден фотограф Питер Линдберг ги обедини супермоделите пред својот објектив, 25 години подоцна по култната насловна на Vogue со Наоми Кембел, Линда Евангелиста, Татјана Патиц, Кристи Тарлингтон и Синди Крафорд. Насловната на Линдберг дополнета со легендарната црно-бела фотосесија (во која учествуваа и Хелена Кристенсен и Клаудија Шифер) беше еден од клучните моменти за раѓањето на феноменот супермодел, а токму овој фотограф одлучи да ги оживее легендарните рани 90-ти години и да направи нови фотографии. Заедно со стилистката Керолин Серф де Дадзил ги собра Синди и Татјана, како и Хелена Кристенсен, Ева Херцигова, Надја Оерман и Карен Александар и направи нов сет на фотографии. На сајтот Nowness постирано е и видео од снимањето во кое манекенките зборуваат за соработката со Линдберг.
Нема коментари