• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Млади модни дизајнери ја претставија изложбата „Обликот ме дефинира“ во Париз

Од stylist @StylistMKD · На декември 19, 2019

1

„Обликот ме дефинира“ или „Shapes define me“ е изложба на модни дизајни и фотографии која се одржа во рамки на настанот „Синтеза“ на 10 декември годинава во Амбасадата на РСМ во Париз, а беше поддржана и од Министерството за Култура на РСМ. Зад реализација на изложбата стојат Ангела Доневска, Даниела Ѓуровска, Марјан Бебекоски и Медаин Аслан кои работеа под менторство на професор Лидија Георгиева од ТМФ-УКИМ.

-Како млади дизајнери, за нас е многу значајно што зад себе имаме низа успешни проекти кои сме ги сработиле заедно, а воедно сме се здобиле со непроценливо знаење и искуство. Како еден од позначајните би можеле да го издвоиме проектот „Коцка“ кој се реализираше минатата година и послужи како платформа за соработка на младите уметници од областа на танцот и дизајнот во рамките на нашата земја. Тој проект беше и првиот со кој ја стекнавме довербата на Министерството за култура и не потфрливме да докажеме колку е значајна поддршката за развој на културата токму во овие области. Покрај сите подвизи и потешкотии, успешната реализација и позитивен ефект послужија како мотивација да размислиме како следно да дејствуваме во оваа насока но, надвор од границите на земјата – изјавија дизајнерите за заедничкиот проект.

2

Тргнувајќи од помислата како сите се разликуваат во естетиката и црпат инспирација од разни извори на исти теми, а воедно размислуваат на иста фрекфенција, се родила идејата за „Обликот ме дефинира“. Целта на оваа изложба е интерпретација и спознавање на културното наследство од нашата земја и македонската традиција, со техники, облици и силуети кои се нишка помеѓу минатото и современиот дизајн.

Оваа разнолика колекција е овековечена со фотосесија, во чиј фокус е урбаниот начин на стилизирање, воедно со оддавање почит кон традиционалните елементи. Фотографиите послужија во корист на пренесување на пораката – Зачувувањето на културното наследство е „ИН“, а тие се дело на фотографот Ненад Тасевски.

3

Марјан Бебекоски

„Во многувековната македонска традиција која се испреплетува со јазичниот наратив, создава лепеза – спектар од убавини што директно произлегува од она што се нарекува спој меѓу животот и смртта. Мојот творечки порив го пронајдов во богатството од македонскиот фолклор, во чии метафори подеднакво зрачи духовниот дострел на македонскиот човек и најтешкиот живот да го претвори во вез и облека што ќе зрачат со смислата за негово и нашето постоење.“

1 marjan

2 marjan

3 marjan

Даниела Ѓуровска

„Барајќи инспирација во сите сегменти на културното наследство се осврнав на оние техники кои за жал се во изумрување кај нас. Најинспиративни за мене беа амблемите. Кројот на носиите во фолклорот во Македонија го интерпретирав на еден елегантен начин, можеби и неочекуван. Стилизирани со народни мотиви, ракотворби и користење на текстилни бои, предизвик ми беше традиционалниот идентитет да го преточам во современиот моден дизајн.“

4 daniela

5 daniela

Ангела Доневска

„Дизајните се инспирирани од уметнички и рустични елементи карактеристични за македонските черги и носии. Примената на плетенини и ткаенини во дизајните е со цел подигање на свеста во современата урбана култура за вредностите на традиционалните занаети, бидејќи нивна вистинска ревитализација е можна само доколку се најде начин за нивно инкорпорирање во современиот стил на живот и современите начини на творење како одговор на динамиката на модните трендови.“

6 angela

7 angela

Медаин Аслан

„Декорациите на ентериерот и на ѕидовите од екстериерот на „Шарената Џамија“ отсликуваат низа геометриски мотиви како и мотиви од флората. Надворешните страни, столбните декорации, внатрешните ѕидови, балконите, мирхаби и кубето се декорирани во секо техника. Внатрешноста на паноата е декорирана со круг чија внатрешност е во мотив на ѕвезда со 16 краци. Токму овие елементи се интерпретирани во дизајните преку реалистичен принт.“

8 medain

9 medain

Ангела ДоневскаДаниела Ѓуровскамакедонска модамакедонски дизајнмакедонски дизајнериМарјан БебекоскиМедаин Асланмодна изложбаОбликот ме дефинираПариз
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

  • fwsk моден монитор

    Преглед на модните ревии и пропратните настани на 32. Моден викенд Скопје

  • 1 Zhou Jin, jewelry by Chen Zijue 6 моден монитор

    Првиот ден на Моден викенд во знакот на кинеската мода и 3D и AI изложба

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics