Францускиот бренд за деца, Окаиди, во петокот на 10 август, официјално ја отвори обновената продавница во трговскиот центар Рамстор. Продавницата е направена по најновиот концепт на дизајн на продажни места на Окаиди и го претставува веселиот и безгрижен свет на децата.
На отворањето, покрај голем број подароци и изненадувања за присутните, изведен беше и краток моден перформанс во кој 10 дечиња од модната агенција Моделс Ин ги прикажаа најновите модели од колекцијата Back to School, дел од понудата за есен-зима 2018 која е веќе во продавниците.
Како и секоја сезона до сега, Окаиди ги охрабрува децата да се изразат себеси во целост преку колекција која ги сплотува различните култури и темпераменти на децата од целиот свет. Моделите и кроевите се прилагодени да одговараат на нивното секојдневие и на нивните потреби, а во исто време се забавни, иновативни и еколошки изработени.
За есен-зима 2018, интересен производ се ултра отпорните и растегливи фармерки направени од Cordura Fiber, материјал познат по својата издржливост и отпорност од оштетување. Исто така, тука е и рециклираниот полиестер – материјал кој служи за полнење на јакни и е направен од рециклирани пластични шишиња. Јакните топлат исто како и со традиционалното полнење, но ова е добиено по природен пат.
Во суштината на функционирањето на Окаиди се 12 издвоени вредности како почитување на различноста, живеење со оптимизам, почитување на планетата и природата, обрнување на внимание на детските права и др. Брендот, кој е присутен во повеќе од 52 земји од светот е постојано активен во одржувањето и промовирањето на овие вредности.
Нема коментари