Модните познавачи велат дека една од најневскусните работи е кога прерамките или дел од градникот ѕиркаат под убавиот вечерен фустан. Признајте дека ваквата ситуација ве прави да се чувствувате неудобно или пак е потребно вечерта да ја поминете потпикнувајќи ги прерамките на свое место. Тогаш сфаќате дека клучен момент е изборот на вистински градник за одреден облик на фустан. Ако облечете фустан без прерамки, тогаш и градникот треба да е без прерамки. Сакате фустан со драматично гол грб, бидете сигурни да не се гледа задната прерамка на градникот, туку да обезбедите специјален модел кој ниско се закопчува благодарение на вкрстените прерамки. Во продавниците може да најдете и мултифункционални градници на кои им се вадат прерамките и употребуваат дн различни начини, на пример модел кој може да се претвори во градник со прерамка околу вратот, соодветен за фустан со прерамка околу вратот.
За фустан без прерамки
За фустан со гол грб
За фустан со прерамка околу вратот
За фустан без ракави
За фустан со длабоко деколте
Нема коментари