Дизајнерот Вирџил Абло кој го потпишува streetwear брендот Off-White ја презентира новата колекција на маички, дуксери, јакни, панталони и футроли за телефони инспирирана од сликите и графитите на Жан-Мишел Баскијат. Изборот на Абло да направи омаж на култниот њујоршки уметник не е случаен. „Жан-Мишел Баскијат е важна врска меѓу уличната култура на Њујорк со имиџот за американски уметник кој е базата за креациите на Off-White“, изјави Абло.
Нема коментари