• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Олгица Ѓоргиева креира колекција на чанти со GОrgeous изглед

Од Катерина Трајановска · На декември 18, 2020

1 olgica

Во годината во која пандемијата предизвика одредено стагнирање во светот на модата, некои од македонските креатори не престанаа да творат, креираа колекции и виртуелни претставувања, а некои пронаоѓаа нови креативни предизвици, во случајот на Олгица Ѓоргиева, тоа е дизајнирање на мини колекција на чанти. За да ги престави таа реализира неколку фотографии на кои самата позира, а фотосесијата ја потпишуваат Ани и Дими. Со Олгица зборувавме за дизајнот и инспирацијата зад овие чанти, квалитетно изработени и со впечатлив изглед, а во разговорот ни откри уште една убава вест.

Скоро цела година модните дизајнери имаат посебен предизвик и работат во поинакви услови поради коронавирусот. Како дојде на идеја во ова толку чудно време да се фокусираш токму на дизајн на чанти?

- Ова беше и е време кога сите сме ставени пред предизвиг на еден или друг начин. Целата оваа ситуација, особено во мојата професија, покажа дека некои работи мора да се променат, макар и на одредено време. Но, креативноста не е привремена состојба. Или ја имаш или ја немаш, а кога ја имаш тогаш ја практикуваш во сè што правиш. Така беше и со мене, само ја пренасочив мојата креативност во друг правец, кој воедно продуцираше кај мене една возбудлива, креативна енергија која создаде нови продукти, кои на некој начин станаа надоградување на мојата работа. Ова не е нова идеја, но земајќи предвид дека станува збор за специфичен производ од повеќе аспекти, некако никогаш не остануваше време да му се посветам и да го реализирам. Перидот поради новата ситуација со коронавирусот сите имавме малку повеќе време од нормално, кое јас го искористив креативно и создадов нешто ново што навистина ме прави среќна!

2 olgica

Инспирацијата за дизајнот на чанти дојде од една стара марама…

- Јас веќе сум позната како тематски дизајнер и некој кој сака да раскажува приказни ! Во мојата работа секогаш има „зошто“, така беше и во оваа приказна. Пробав да вметнам нешто лично и да дадам вредност на тоа што сум го создала. Моето најомилено парче во мојата гардероба е една јапонска свилена марама која сум ја добила како подарок, чиј дизајн е стар повеќе од 40 години. Таа марама ја употребував во различни варијанти, на врат, на рака, на чанта… Еден ден си реков сама на себе, оваа марама толку многу ја сакам, но ако продолжам да ја користам толку често, сигурно ќе има свој крај. Така почнав да размислувам како можам да го продолжам векот и приказната на таа марама и дојдов на идеја да ја скенирам, да изработам материјал со истиот принт и од тоа да направам чанти. Втората варијанта за чантите е слоганот GОrgeous, кој некако спонтано стана заштитен знак за мене. Првите две букви се иницијалите од моето име и презиме кои создаваат еден прекрасен збор, не верувам дека постои девојка која нема да се почувтвува прекрасно кога ќе го прочита. Земајќи предвид дека е сепак специфичен производ, успеав да запознаам прекрани луѓе и прекрасен мајстор кои ги изработија моите чанти.

3 olgica

Откриј ни какви чанти искреира?

- Станува збор за практични и модерни чанти. Едната е веќе познатата ‘Тоте торба’ која многу дизајнери ја пуштија во продажба – секој со своја приказна. Втората варијанта е мала чанта која можеме да ја користиме кога немаме потреба да носиме премногу работи со нас. Ја има во елегантна верзија со синџир-рачка и модерна верзија со поширок каиш на кој можат да се закачат модни додатоци. Третата е со димензија погодна за патување во авион, која може да собере таблет, книга и останати лични работи кои ги носиме со нас. Четвртата е црна, со минималистички дизајн во циклама боја и конкретно за таа чанта приказната е слоганот GОrgeous. Всушност, кога ќе ја отворите чантата ќе прочитате, како потсетување ‘You are Gorgeous’.

4 olgica

Каде ќе бидат достапниовие дизајни?

- Засега нарачките ќе се прават online со кратко време на достава. Ова е производ кој што во иднина сигурно ќе претрпи свои промени, така што самата работа ќе покаже кој е најдобриот систем

Oваа година дефинирана со пандемијата ја заокружуваш со една убава вест – нов професионален ангажман…

- И покрај сите предизвици што ги имаме оваа година, јас сум благодарна за сé. Животот не бил никогаш права линија, па така и ова. Искусивме време кое најверојатно во нормални услови никогаш немаше да си го дозволиме. Кога ќе размислам за оваа година и покрај тоа што сите сакаме да ја класифицираме како најлоша до сега и со душа чекаме да заврши, можам да кажам за себе дека ова беше „голема година“! Мирна, среќна и исполнета продолжувам по патеките што се креираа за мене и мојот животен пат. Ова интервју ви го пишувам од Виена и се радувам што оваа новост ќе ја споделувам со вас! На пат е нов интернационален проект за мене, костимографија за балетската претстава Allez Varzer во Словенската опера и балет. Дефинитивно е нов предизвик и нов чекор во мојата кариера на кој навистина му се радувам и сум благодарна, затоа што тоа е производ на целата моја претходна работа во изминатите години.


View this post on Instagram

A post shared by O L G I C A G j O R G I E V A (@go_by_gjorgieva_olgica)

5 олгица

 

 

 

View this post on Instagram

 

 

A post shared by O L G I C A G j O R G I E V A (@go_by_gjorgieva_olgica)

 

7 olgica

8 olgica

GОrgeousАни и Димимакедонска модамакедонски дизајнмакедонски дизајнеримоден додатокОлгица Ѓоргиевачанти
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 моден монитор

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

  • 1 моден монитор

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

  • kamala-vogue моден монитор

    Насловната на Vogue со Камала Харис ги вжешти социјалните мрежи

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • cardin

    ПЈЕР КАРДЕН (1922–2020): Првиот футурист во модата и пионер на модното брендирање

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    МОДЕН ТРЕНД: Штепуваните јакни најстилски сезонава

    јануари 15, 2021
  • 1

    Инстаграм профил кој го лови стилот на парижаните

    јануари 14, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • gucci

    Дизајнерски чанти што ќе бидат хит за 2021

    јануари 13, 2021
  • 1

    Мода во портокалова боја за енергичен старт на годината

    јануари 13, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021
  • 00

    Прошетка низ футуристичката палата на Пјер Карден

    јануари 10, 2021
  • ?????????????????????????

    Баланс+ оброци за енергетски почеток на денот

    јануари 5, 2021
  • pariche-702x336

    Паричето.мк – платформа за виртуелно вртење пита со паричка

    јануари 5, 2021

Култура

  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020
  • lila moss

    Лајла Мос на насловна на Vogue Italia

    декември 8, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics