Трендесетерка, проследувач на модата, жена со прочистен њујоршки стил, Оливија Палермо често се впушта во модно-дизајнерски соработки со разни брендови, но неодамна одлучи да стартува сопсвен бренд. Минатата недела, во деновите кога се одржуваше Њујоршката модна недела, Оливија на настан ја претстави Olivia Palermo Collection, првата колекција што го носи нејзиното име и која што ја отсликува нејзината естетика.
Колекцијата на Палермо е наменета за сезоната пролет 2020 и содржи 53 парчиња во елегантен и женствен стил. Во креирањето ангажира цел дизајнерски тим на чело со Алис Ферн, која што претходно има работено со Мајкл Корс. На оние кои го преферираат стилот на Оливија, ќе им се допадне и оваа колекција која што содржи класични парчиња како кошули и мантили, потоа дамски блузи со панделка и миди здолништа, фустани со принт и со тантела, егегантни сакоа и палта.
Во последнава деценија Оливија го помина патот од девојка од високото друштво, ѕвезда на реално шоу, блогерка и инфлуенсерка, до моден дизајнер и уредувач на сопствен сајт со платформа за интернет продажба. Пред да ја претстави својата сопствена линија, таа се појавуваше како заштитно лице на повеќе брендови и имаше направено дизајнерска соработка на колекции на Banana Republic, Nordstrom, Aquazzurra и Karl Lagerfeld.
Нема коментари