Модната миленичка Оливија Палермо најави дека лансира сопствен моден бренд и првата колекција ќе се се појави во февруари 2020 година. После неколку соработки и креирање капсулни колекции за други модни брeндови, како Карл Лагерфелд, Nordstrom и Banana Republic, Оливија очекувано ќе дизајнира за својата модна етикета. Информацијата за новиот ангажман ја објави на својата веб страна и на Инстаграм, и откри дека првата колекција е наменета за сезоната пролет-лето 2020.
Оливија објаснува дека колекцијата ќе содржи безвременски модни парчиња, со доза на еклектика, но секогаш елегантни и добро скроени. Колекцијата ќе има преку 50 парчиња кои се инспирирани од нејзиниот сопствен стил, но и од луѓето што ги среќавала на своите патувања.
-Отсекогаш сум имала посебен однос кон модата, затоа дизајнирањето на мојата колекција ја чувствувам како природна прогресија. Оваа колекција е инспирирана од луѓето ширум светот на кои наидов на моите патувања. Уникатниот стил на една личност е тесно поврзана со нивната личност и во тој поглед оваа колекција не се разликува. Кога гледам низ сопствената гардероба, постојано се потсетувам на луѓето што ги сакам или спомените што ги негувам. Olivia Palermo Collection го рефлектира токму тоа – изјави таа.
Заедно со најавата за својата колекција, Оливија откри неколку скици на креации кои ќе бидат дел од колекцијата и на нив забележуваме колоритни шари, миди здолништа, свилени кошули, карирани костими и геометриски принтови. Оливија планира нови креации да претставува на секои шест до осум недели, а сите парчиња се дизајнирани така што можат да бидат комбинирани меѓу себе, како и со останатата облека од вашиот плакар.
Нема коментари