По Жан Пол Готје, Рикардо Тиши и Карл Лагерфелд, креативниот директор на „Балман“, Оливие Рустен е следниот што дизајнира костими за балетска претстава на Париска опера (Opéra de Paris). Неговите креации ќе се појават во во новата претстава „Ренесанса“ (Renaissance), балет на познатиот балетан и кореограф Себастијан Берто.
„Ренесанса“ е 22-минутна балетска претстава во која се појавуваат 22 танчари и сите ќе бидат облечени во креации на Рустен меѓу кои доминираат бежови екстравагантни креации украсени со многу бисери, перли и светки. Дизајнерот вели дека костимографијата е во духот на високата мода, и дека сакал костимите да бидат што е можно погламурозни.
Нема коментари