На вчерашното доделување на најважните филмски награди Оскарот за најдобар филм му припадна на „Зелена книга“ на режисерот Питер Фарели, приказна за расизмот и за вистинското патување на афроамериканскиот пијанист Дон Ширли и неговиот бел возач Тони Валелонга. Махаршала Али, кој го глуми Ширли, ја доби наградата за најдобар актер во споредна улога, а филмот е победник и во категоријата за оригинално сценариот.
Еден од фаворитите оваа година, „Рома“ на Алфонско Куарон, е прогласен за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, а доби ште два Оскара, за најдобра режија и за најдобра кинемаографија.
Најдобри главни актери на годинешните Оскари се Оливија Колман за улогата на кралицата Ана во „Миленичка“, и Рами Малек кој го отелотвори Фреди Меркјури во „Боемска рапсодија“.
Музичкиот филм, „Боемска рапсодија“, прказната за познатиот бенд „Квин“, доби вкупно четири златни статуетки, а вистинските членови на бендот, помогнати од пејачот Адам Ламберт ги отворија вчерашните Оскари со впечатлива изведба на We Will Rock You и We Are The Champions.
„Ѕвездата е родена“ на Бредли Купер имаше неколку номинации во главните категории, но доби само една статуетка – за најдобра песна за Shallow за Лејди Гага. Купер и Лејди Гага не победија во категориите за најдобри актери, но вчеравечер привлекоа внимание со својата интерпретација на песната Shallow.
Комплетниот список на добитници на Оскар 2019:
Најдобар филм: „Зелена книга“
Најдобра машка улога: Рами Малек – „Боемска рапсодија“
Најдобра женска улога: Оливија Колман – „Миленичка“
Најдобра споредна машка улога: Махершала Али – „Зелена книга“
Најдобра женска споредна улога: Реџина Кинг – „If Beale Street Could Talk“
Најдобра режија: Алфосо Куарон – „Рома“
Најдобро оригнално сценарио: „Зелена книга“
Најдобро адаптирано сценарио: „BlacKkKlansman“
Најдобра кинематографија: „Рома“
Најдобра оригинална песна: Shallow – „Ѕвездата е родена“
Најдобра костимографија: „Црниот пантер“
Најдобра шминка: „Vice“
Најдобар филм од неанглиско подрачје: „Рома“
Најдобра сценографија: „Црниот пантер“
Најдобар звук: „Боемска рапсодија“
Најдобра монтажа на звук: „Боемска рапсодија“
Најдобра монтажа: „Боемска рапсодија“
Најдбри визуелни ефекти: „Првиот човек“
Најдобра филмска музика: „Црниот пантер“
Најдобар краток докуметарен филм: „Free Solo“
Најдобар долгометражен анимиран филм: Spider-Man: Into the Spider-Verse
Најдобар краток анимиран филм: „Бао“
Најдобар краткометражен документарен филм: „Period. End of Sentence“
Најдобар краткометражен неанглиски филм: „Skin“
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари