Највпечатливото парче накит на вчерашнто доделување на филмските награди Оскар го носеше Лејди Гага – впечатлив ѓердан од Tiffany & Co , со скапоцен 128-каратен дијамант во жолта боја, кој има 141-годишна историја. Актерката и пејачка ова парче накит кое се проценува на преку 30 милиони долари, го носеше во комбинација со црн фустан, направен по мерка од страна на модната куќа на Александар Меквин.
Пред 141 години, во рудник во Јужна Африка, пронајдено е парче дијамант во многу ретка боја – жолта. Една година подоцна дијамантот е купен од страна на Чарлс Тифани, основачот на легендарната американска јуверилница Tiffany & Co, нешто подоцна е брусен и обликуван во Париз од страна на најдобрите мајстори, долго време бил во архивите на компанијата „Тифани“, а само три пати се има појавено во јавност. Првиот пат во 1957 година како дел од ѓердан што го носела Мери Вајтхаус, богата наследничка и сопруга на еминентен американски диломат, а вториот пат истото парче го носела Одри Хепберн на промотивните фотографии за филмот „Доручек кај Тифани во 1961 година.
Третиот пат жолтиот дијамант на „Тифани“ се појави вчера на Оскарите, како дел од ѓердан со поинаков дизајн, а кој го носеше Лејди Гага на црвениот килим, додека ја изведуваше Shallow и кога го прими Оскарот за најдобра песна.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари