• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
моден монитор 0

Осма Национална конференција: „Авон Македонија“ мотивира на успех, хуманост, убавина и добар стил

Од stylist @StylistMKD · На септември 19, 2014

avon (1)

Под мотото „Живеј го својот сон“, во розов амбиент во хотелот „Александар Палас“, компанијата „Авон Македонија“ вчера ја одржа својата осма Национална конференција. Неколкучасовната манифестација, чии домаќини беа водителката Марјана Станојковска и актерот Сашко Коцев,  беше исполнета со мотивациони говори, поттик на хуманост, промоција на нови производи, награди, балетски точки, хумор  и модни ревии на етаблираните дизајнерки Антонија Ристовска и Росица Мршиќ .

avon (3)

Бисера Банова (лево) ја раскажа инспиративната и емотивна приказна на Атина Саздова, која неколку пати се борела со ракот

Еден од најемотивните моменти на настанот беше приказната за храбрата Атина Саздова, која трипати се борела со ракот. Таа сега е активистка на здружението „Борка“, кое добива поддршка од „Авон“.  И покрај тешката битка со подмолната болест, Саздова не ја изгубила волјата за живот, ведра, насмеана е инспирација за сите жени кои се борат со ракот на дојката. На конференцијата Специјалистката за односи со јавност и дигитална комуникација, Бисера Банова, ги  откри новите иницијативи на хуманитарни кампањи на „Авон“, а  потсети и на  значењето на отворената  линија  0800 55 777 , за поддршка на „Борка“ и битката со ракот.

antonija ristovska

Советничката за убавина на „Авон Македонија“, Антонија Ристовска, одржа ревија на настанот

Советничките за убавина на „Авон Македонија“: Антонија Ристовска и Росица Мршиќ ги преставија своите последни, пролет-лето 2014 колекции пред присутните делегатки и гости. Со колекција, наречена Art en Deco, Ристовска  ја одбележа 20-годишнината од работење на нејзиното модно ателје. За инспирација отпатува во почетокот на минатиот век и се впушти да го истражува арт-деко стилот. Кроевите ја нагласуваат женственоста изразена во строги и во меки линии. Изразени се контрасти во комбинирањето на боите и материјалите. Во изработката применета е техника на Hand made подготовка пред машинско шиење. Стилски колекцијата е минималистичка и е во духот на 60-тите и 80-тите години. За колекцијата се изработени брендирани копчиња и парчиња накит.

rosica mrsic1

Росица Мршиќ одушеви со својата последна колекција, за пролет лето 2014

Линијата, која Мршиќ ја промовира и на Модниот викенд -Скопје и на Српската модна недела во Нови Сад, го задржува нејзиниот препознатлив урбан модерен стил.  Конструктивизмот, како авангарден правец во сликарството, фотографијата, дизајнот и архитектурата (што се појавил по Првата светска војна), бил основата од која тргнала позната модна креаторка  во реализиција на својата колекција за пролет-лето 2014. Моделите се  збогатени со избрани елементи од модниот стил на 80-тите години, а изгледот е заокружен со чевли со потпис на Мршиќ. Креациите, на двете ревии, ги носеа манекенки од агенцијата „Подиум“.

rosica21

Од ревијата на Росица Мршиќ

На националната конференција   беа  промовираниексклузивните новитети кои ќе се појават во брошурите до крајот на годината. Со симпатичен настап на водителите Сашко и  Марјана ( која беше облечена како тенисерка), „Авон Македонија“ ги најави новиот парфем Avon Luck чие заштитно лице е познатата спортистка Марија Шарапова, новите креми од линијата на Anew – Anew Nutri Advance со потхранувачки комплекс и Омега 3, 6 и 9 масни киселини, како и богатата понуда за новогодишниот период. Беше најевено дека ова „Авон“ ќе биде официјален партнер за шминка на претстојното десетто издание на Моден викенд-Скопје, што ќе се одржи од 23 до 27 октомври.

avon (4)

Роза Плазибат најави дека „Авон“ ќе биде официјален партнер за шминка на претстојниот Моден викенд-Скопје

Една од најголемите светски компаниии за директна продажба AVON, својата Национална конференција насекаде во светот ја одржува пред почетокот на четвртиот квартал, а на истата ги наградува најуспешните лидери и зонални менаџери од продажната структура, кои оствариле најдобри резултати за изминатиот период. (А.Н.)

Фото: Stylist.mk

 

avon (7)

Водителите Маријана Сранојковска и Сашко Коцев ја претставија богатата понуда за новогодишниот период

antonija3

Од ревијата на Антонија Ристовска

antonija kolaz1

Модели на Антонија Ристовска

antonija kolaz2

Креациите ги носеа манекенки од агенцијата „Подиум“ (Модели на Антонија Ристовска)

antonija kolaz3

Антонија Ристовска

balet1

На настанот имаше и балетска точка

rosica kolaz1

Од ревијата на Росица Мршиќ

rosica kolaz2

Креации на Росица Мршиќ

rosica kolaz3

Росица Мршиќ

avon (5)

AnewAnew Nutri AdvanceAVONAvon LuckAVON МакедонијаАвонАнтонија РистовскаАтина СаздоваБисера БановаБоркаконференцијаМарјана СтанојковскаМарија ШараповаМоден викенд-СкопјеНова годинапарфемрак на дојкаРоза ПлазибатРосица МршиќСашко Коцев„Подиум“
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • dior моден монитор

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

  • katarina ivanovska (1) моден монитор

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

  • ?????????? моден монитор

    Берни Сандерс го претвори своето меме во дуксер за да собере пари за добротворни цели

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • pedro horisonte

    Слушаме македонска музика: „Чекајќи“ на Педро Хоризонте

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Плетиво на Zara што ќе ве згрее овие студени денови

    јануари 26, 2021
  • dior

    ВИСОКА МОДА: Колекција на Диор инспирирана од тарот карти и езотерија

    јануари 26, 2021
  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • hajdi klum maticevski

    Хајди Клум во креација на Тони Матичевски

    јануари 25, 2021
  • katarina ivanovska (1)

    Катарина Ивановска на насловна на српски Elle

    јануари 25, 2021

Убавина

  • Revalid

    Погледнавме одблиску: зошто цветот од еделвајс е „преживувачка ѕвезда“

    декември 25, 2020
  • 3

    Млечен маникир со златни детали

    декември 21, 2020
  • Elena i Ljubica - A Star is Born

    REVALID®: Елена и Љубица ја откриваат иновацијата против стареење и тенка коса

    декември 4, 2020
  • guerlain

    Празнична колекција на шминка на Guerlain

    ноември 30, 2020
  • 1 MAC

    M · A · C ја започна празничната сезона со колекција инспирирана од бајките и огнометот

    ноември 24, 2020

Живот

  • nikotin (1)

    Мит или вистина – Колку знаете за никотинот?

    јануари 25, 2021
  • NB1

    Нордиски шик во црно-бела палета

    јануари 22, 2021
  • 2020 M Car tim

    „М Кар“ одбележува 5 години успешна приказна увозник и диструбутер на брендовите BMW и MINI

    јануари 18, 2021
  • cokoladen puding

    Брз и здрав чоколаден десерт со необична состојка

    јануари 14, 2021
  • 1

    Aвенијата Елисејски полиња се претвора во „извонредна градска градина“

    јануари 13, 2021

Култура

  • lupin (2)

    Француската серија „Лупен“ ги крши рекордите на гледаност на Netflix

    јануари 20, 2021
  • cepenkov

    Oнлајн-промоција на осовременетата „Автобиографија“ на Марко Цепенков

    декември 28, 2020
  • literatura

    Новогодишен онлајн-настан на „Арс Ламина“ и „Литература.мк“ со „Фанк шуи“ и Влатко Стефановски

    декември 25, 2020
  • шумковски

    Ретроспективна изложба на Јован Шумковски во Музејот на современата уметност – Скопје

    декември 16, 2020
  • pokana Allthelove

    Изложбата „Сета љубов“ со светски познати уметници од утре во МСУ

    декември 14, 2020

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics