Почетокот на годината значи и старт за нов изглед, нова гардероба, нови стилски правила… Но што ако можеме да постигнеме нов изглед со помош на модните парчиња што веќе ги поседуваме во гардероберот и со неколку нови трикови?! Можеби нешто сосема едноставно, како носењето на тексас-јакната како горен дел наместо блуза или стариот дуксер со рокерски мотив стилизиран со светкаво здолниште, ќе создаде огромен импакт во новиот изглед. Еве идеи…
Додадете шарена марама околу вратот, наместо ремен или зврзете ја рачките на чантата
Преработете ја стариот рокерски дуксер (или маичка) со светкаво молив-здолниште и шизички чизми
„Дотерајте“ ги фармерките со свечена блуза со впечатлив кој и со елегантни сандали
Уште важи мешањето на различни принтови, како цветниов фустан со палтото со животинска шара на фотографијата
Стајлингот финиширајте го со впечатливи обетки
Стилизирајте го фустанот со панталони или фармерки по примерот на трендсетерките
Носете го омилениот цветен фустан
Комбинирајте ги пругастите панталони со блуза со впечатливи ракави
Носете ја тексасната јакна како блуза
Слип-фустаните кои изледаат како ноќници во тренди варијанта под капут и со чизми до глужд
Оставете впечатливите чизми во интензивна боја да ја имаат главната улога во стајлингот
Носете ниски чевли и со најсофистицираната облека
Позајмете дел од машката гардероба како на пример карирано сако со строг крој
Носете светкави обувки и преку ден, не само во вечерни и свечени пригоди
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари