Модната дизајнерка Магдалена Таневска и уметницата Блашка Миева Ве канат на забава во четврток, 27 септември, по повод отворањето на Art & Fashion Станица, простор во кој ќе се спојат модата и уметноста. Забавата почнува во 19 часот, на адреса Костурски херои 2Б, Скопје. Почувствувајте го духот на македонската мода и уметност преку уникатните модни парчиња на Magda Station (Магдалена Таневска) и новата изложба на Блашка Миева „Бисерно синило“. Во чест на почетокот на една нова уметничка и модна урбана приказна, на забавата најавуваат коктел, големи попусти и изненадувања. Забавата ќе биде надополнета со уникатниот накит на дизајнерката Надица Злтакова Митевска (Art Fantasy Jewelry).
Нема коментари