По саботните поплави во Скопје помошта на терен е најважна во моментов, но доволно потребна е паричната и помошта во потребни материјали, храна и вода кои се собираат на повеќе начини. Во секој момент може да го свртите телефонскиот број 143-400 и да донирате 100 денари, а еве и еден преглед на хуманираните акции кои се актуелни или најавени. Во надополнувањето на информациите може да учествувате и вие доколку ни пишете бо коментар на овој отворен пост или во порака на нашата Фејсбук страница.
Хуманиратарна акција на спианието „Портрет“ и на македонските спортисти
Водени од идејата да се вклучиме во собирањето помош за погодените од поплавата, во соработка со македонските спортисти организираме хуманитарна аукција. Истата ќе се одржи во вторник 16.08, со почеток во 17 часот во „Јавна соба“, а на неа по пат на наддавање ќе се продаваат дресови од македонските спортисти:
• Перо Антиќ,
• Кире Лазаров,
• Дејан Манасков,
• Борко Ристовски,
• Јован Костовски,
• Владо Илиевски,
• Тодор Гечевски,
• Ѓорѓи Чековски,
• Војдан Стојановски,
• Столе Стоилов
• Наумче Мојсовски,
• Пепи Манасков,
• Горан Пандев,
• Александар Васовски,
• Бобан Грнчаров.
Покрај средствата собрани од аукцијата, дополнително ќе се собираат парични донации во кутии поставени на самото место. Сите собрани средства ќе бидат донирани директно на семејствата погодени од поплавата.
Повеќе информации на овој ЛИНК
13 август
ФБ-групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ве известува и ве повикува:
На 13 август сите кои што нема да бидат во можност да помогнат со лопата во рака да бидеме на едно место, онаму каде што сме потребни – СИТЕ ПУНКТОВИ ПОСТАНУВААТ ЕДЕН ГОЛЕМ и КООРДИНИРАН ПУНКТ за донации за настраданите во поплавените делови на Скопје – на Сквер Јадран, од 10 до 22 часот!
ВЕДНАШ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО И ПАКУВАЊЕТО, СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ЌЕ БИДЕ УПАТЕНА ОНАМУ КАДЕ ШТО Е НАЈНЕОПХОДНА!
Ситуацијата од теренот потврдува дека се неопходни уште многу донации! Да докажеме дека сме хумани и дека можеме повеќе! И тие што веќе дониравме, да донираме пак – дури треба! А МНОГУ ТРЕБА!
Наместо на едно кафе во град, донирајте за спас на нечиј живот!
НАЈНЕОПХОДНИ ДОНАЦИИ
- Средства за дезинфекција
- Средства за лична хигиена
- Конзервирана и сува храна (храна којашто не треба да се готви или да се чува во фрижидер)
- Храна за бебиња
- Пелени за бебиња (сите броеви)
- Пелени за возрасни
- Прибор за чистење
- Кофи
- Ракавици за чистење
- Лопати
- Гумени чизми
- Работнички колички
- Лекови коишто се издаваат без лекарски рецепт
- Батериски ламби
- Плински боци и плински уреди за готвење
- Свеќи и ќибрит
- Медицински маски
- Хирушки ракавици
Упатуваме ЈАВЕН ПОВИК до СИТЕ ПРОИЗВОДИТЕЛИ НА КАРТОНСКА АМБАЛАЖА, до 9 часот, директно на Сквер Јадран да донираат картонска амбалажа во што поголем број – НЕОПХОДНА ЗА ПАКУВАЊЕ НА ПРИСТИГНАТИТЕ ДОНАЦИИ. За координација можат да се обратат на телефонскиот број: 071 665 433! За нив, едно комбе или еден камион со картонска амбалажа е ништо, ама некому, може да му биде сѐ. А таквите случаи се МНОГУБРОЈНИ!
————————–
УПАТСТВО ЗА ВОЛОНТЕРИ
Волонтерите коишто ќе ги примаат и пакуваат донациите се неопходни, ПОВЕЌЕ И ОД ОНИЕ ШТО И ДЕНЕС СМЕ НА ТЕРЕН! Секој волонтер да понесе и картонска амбалажа за пакување!
ЗАДОЛЖИТЕЛНО: Облечени во БЕЛИ МАИЦИ, како знак на препознавање! СЕКОЈ ВОЛОНТЕР да носи: МАРКЕР, ТРАКА ЗА ЛЕПЕЊЕ ПАКЕТИ и СКАЛПЕЛ ИЛИ НОЖИЦИ.
ПОТРЕБНИ СЕ И ВОЛОНТЕРИ СО ВОЗИЛА, ЗА ДИРЕКТНА ДИСТРИБУЦИЈА НА ДОНАЦИИТЕ ДО НАСТРАДАНИТЕ
(Со гумени чизми, ракавици и медицински маски)
Членовите на групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ ги повикуваат граѓаните на Република Македонија, коишто се физички и здравствено подготвени, на ЗАЕДНИЧКА УДАРНА АКЦИЈА ЗА РАСЧИСТУВАЊЕ НА ТЕРЕНОТ на сите критични точки, на 13 август 2016 година (сабота). Увидот на теренот покажува дека само така, со организираност, КООРДИНИРАНОСТ, МАСОВНОСТ и голема екипираност ќе можеме да успееме да се расчисти теренот и да се спречат опасностите коишто можат да следат ако тоа не го сториме ВЕДНАШ. Сега, таму сме НАЈПОТРЕБНИ!
Потребно е сите граѓани да започнат да доаѓаат на зборното место „Веро Центар“ („Веро Џамбо“) од 8 часот наутро, по што ОРГАНИЗИРАНО и КООРДИНИРАНО ќе се упатуваат на критичните точки, според утврдена листа степенот на алармантност на ситуацијата на теренот. Превозот ќе поаѓа по исполнувањето на капацитет на секое возило (автобус, минибус или комбе). Расчистувањето ќе трае најдоцна до 19 часот, поради потребната видливост на теренот.
Увидот на теренот покажува дека ПОТРЕБНИОТ број луѓе за расчистување на сите критични точки е МНОГУ ПОГОЛЕМ од оној којшто до местата може да се упати со јавниот превоз или индивидуалните возила.
Затоа, ЈАВНО ГИ ПОВКУВАМЕ СИТЕ ПРИВАТНИ ПРЕВОЗНИЦИ и ТУРИСТИЧКИ АГЕНЦИИ од Република Македонија, да се вклучат во оваа акција и СИТЕ свои автобуси, минибуси и комбиња, коишто не се користат за редовен превоз на 13 август 2016 година да ги упатат пред „Веро Центарот“ во Скопје (обезбеден паркинг) и да овозможат во текот на целиот ден да превезуваат граѓани до и од критичните точки, до локациите до коишто полицијата дозволува пристапност. Сигурни сме дека ќе ја покажат својата ЧОВЕЧНОСТ и ЕТИЧНОСТ и ќе ги испратат возилата коишто им се на располагање, бидејќи ниту еден друг ангажман и ниту еден друг личен приротет на приватните превозници, во овие денови, не треба да е поприротетен од помагањето во расчистување на сите критични точки. Исто како што за секој физички и здравствено подготвен, ЕТИЧЕН, ЧОВЕЧЕН граѓанин на Република Македонија, во овие денови, најприоритетно е секогаш кога може да биде онаму каде што е НАЈПОТРЕБЕН – на терен!
Сите приватни превозници коишто го прифаќаат јавниот повик, за повеќе информации и најава, како и сите поголеми групи на граѓани коишто го прифаќаат повикот за учество во оваа МАСОВНА и КООРДИНИРАНА АКЦИЈА, во секое време можат да се обратат на телефонскиот број: 076 456 345.
Сите граѓани коишто поседуваат соодветна опременост (чизми, лопати, копачи, вили, работнички колички, заштитни ракавици, медицински маски), неопходно е да дојдат со неа, а за сите граѓани коишто немаат ваква опременост, известуваме: поседуваме поголем број опрема којашто ќе им биде дадена пред упатување на терен.
Да покажеме дека сме ТУКА! СО ЛОПАТА ВО РАКА
Истовремено со оваа акција, координирано, на друга локација ќе се организира централен пункт за собирање хуманитарна помош.
ИНСТРУКЦИИ ЗА СИТЕ ГРАЃАНИ КОИШТО ЌЕ СЕ УПАТАТ НА ТЕРЕН:
- Доколку поседувате, носете ваш алат. Најпотребни се лопати, копач и вила.
- Задолжително работете со заштитни ракавици (колку може повисоки, идеално до лактот), заштитна маска и гумени чизми.
- Доколку при работењето се испотите, не си го бришете лицето со раце, користете крпа која ќе ја допирате само со чисти раце.
- Доколку се повредите, веднаш измијте ја раната со голема количина чиста вода (флаширана) и санирајте ја раната. Доколку имате отворена рана, препорачливо е да ја напуштите областа и да посетите лекар.
- Консумирајте многу вода (флаширана) и други течности.
- Немојте да рааботите гладни.
- Наполнете ја батеријата на телефонот пред излегување од дома.
- Доколку се извалкате со кал, потрудете се да не се допирате по лицето и измијте се веднаш.
- СЕКОГАШ МИСЛЕТЕ НА СВОЈАТА БЕЗБЕДНОСТ. ПОПЛАВЕНИТЕ ОБЈЕКТИ СЕ СТРУКТУРНО НЕСТАБИЛНИ.
Граѓанска Акција: На работа, на труд!
Да им помогнеме на нашите браќа и сестри (сограѓани) да ги расчистат своите живеалишта од штетите од поплавите! Една недела од поплавите кои предизвикаа ненадоместливи човечки жртви, но и големи штети на жителите од околината на Булачани, Илинден, Смилковци, Бутел, Ченто, Сингелиќ, Црешево, Стајковци, Инџиково, Арачиново и др.
Сега е време ние да ја споделиме својата солидарност со нив, своето срце да го покажеме на терен, со труд!
Заедно, масовно, во сабота и недела (13 и 14 август) да помогнеме во поплавените региони!
=========================================
На следниве линкови може да ги добиете потребните информации:
Во групата „Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje“ се споделуваат сите информации околу ситуацијата на терен, каде е потребна помош, кој нуди помош и сл.
https://www.facebook.com/groups/530772140451538/?fref=nf
Подготвена е и визуелна мапа каде може да се погледне каде е потребна помош -
https://www.google.com/maps/d/u/0/viewer?mid=1t66X1P5XswZNZTTosUMKrAzp5qg
Во овој документ има конкретни контакт информации со лицата на кои им е потребна помош и други потребни информации -
https://docs.google.com/spreadsheets/d/1S_GxXK0Cuo6bVXEG-eGJXNgmmCPBq37EkaaY0Y4ARJk/edit
=========================================
За превоз до поплавените реони:
Јавното сообраќајно претпријатие денес информираше дека е обезбедебен бесплатен превоз за волонтерите кои ќе помагаат во поплавените реони. Автобусите ќе поаѓаат во 9:00, 12:00 и 15:00 часот.
Поаѓањето ќе биде од следните локации:
1. Ѓорче Петров – пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош – спроти City Mall; продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка
2. Кисела Вода – пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром – на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка
3. Бутел – пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка
Крајна точка е Обилконица (Пункт накај Стајковци). Враќање последно од крајната точка е во 19:00
Хуманитарна модна ревија во Дојран
Во сабота, 13 август, во Дојран ќе се одржи модна ревија со креации на Emili Exclusive Design, Јована Филиповиќ, Ирина Тошева, Викторија Арсовска, Олгица Ѓоргиева, Studio Matra и арт студиото за цвеќе „ФА-БУ“. За време на ревијата ќе биде поставен пункт на кој посетителите ќе можат да донираат финансиски средства кои ќе бидат наменети за помош на жртвите од поплавите.
Хуманитарна изложба за настраданите од поплавите
Изложба денеска во просториите на Младински клуб во 20 часот – инфо на овој ЛИНК
Reborn x Младински Клуб решија да организираат хуманитарна изложба на инстаграм фотографии (#rebornphoto) од скопското невреме. Изложбата ќе биде од продажен карактер, а собраните парични средства ќе бидат донирани за настраданите од поплавите. Фотографиите ќе се продаваат по симболични 100 денари.
Хуманитарен настан во „Кино Карпош“ во сабота
Дизајни и уметнички дела од авторите: Атанас Т. Ботев, Monochrome Modern, Em Ellephantski, Инес Ефремова, „Преплет“, Design and berries, Zewlean Icarus Леа Варошанец, Камка Тоциновски, Игор Јосифов, Бојан Димитриевиќ, Bow Tie (Милена Атанасова и Дуле Кузманов), Иван Илиев, Shemko Illustrations, Сашко Дете Илов и Симона Ѓеорѓиевска ќе бидат поставени на продажба на хуманитарен настан на 13 август со почеток во 12 часот во „Кино Карпош“.
-Убави и хумани луѓе. Човек се мери по љубовта и поддршката која ја пружа на другите. Ве повикуваме заедно да пружиме љубов и поддршка на Масаи (Биби) и останатите настрадани во поплавите, затоа што сега им е најпотребна! Дојдете оваа сабота (13. 08) во „Кино Карпош“ и донирајте преку купување на уметнички дела од авторите. Воедно, со секои купени Cuba Libre Mojito и Aperol Spritz донирате 150 денари. Настанот е поддржан и од Mohanji Foundation-велат организаторите на настанот.
За атмосферата ќе се погрижат DJ Flooder & Fluid – преку ден, Ana malo – навечер.
12 август 2016:
-Бројот на уметници и дизајнери на хуманитарниот настан во „Кино Карпош“ се зголеми, ова е последната листа
Atanas T. Botev
Monochrome Modern
Ivan Iliev
Em Ellephantski
Ines Efremova
Shemko Illustrations
Sasko Dete Ilov
Преплет
Ruzica Josifovska
Design and berries
Katarina Pargo
Zewlean Icarus
Leá Varoshanec
Kamka Tocinovski
Igor Josifov
Risto Josifovski-Rombo
Bojan Dimitrijevik
Bow Tie (Milena Atanasova и Kuzmanov Dule)
Симона Ѓорѓиевска
Jovana Zivkovska
Ivan Galovski
Крсте Анастас Глигорјадис
Hristina Tarabunova
Ivce Pivce
KeraKamika Hand Made
уманитарна акција на „Портрет“ и македонските спортисти
Хуманитарна изложба за жртвите од саботните поплави
Во кафулето „Концепт 37“ на „Рузвелтова“ во вторникот почна изложба на која стотина уметници, дизајнери и автори донираа свои дела од чија продажба уште во првата вечер собрани се 178.425 денари, дополнително уште 53.000 денари, а изложбата е отворена со понеделник, 5 август. Повеќе на овој ЛИНК.
Заинтересираните правни субјекти и граѓани дополнително можат да се вклучат и со обезбедување на парична помош:
– Жиро сметка на Фонд на солидарност 300000001327966 ДБ 4030984271620 – Комерцијална банка
– Донирање на 100 денари со повик на телефоните: 075/070/077 143 400
Донација на средства во странска валута:
NAME OF THE ORGANIZATION: MACEDONIAN RED CROSS
BANK NAME: KOMERCIJALNA BANKA AD SKOPJE
BANK ADDRESS: UL. ORCE NIKOLOV NO.3, 1000 SKOPJE, MACEDONIA
BANK ACCOUNT: 300000000000133 25730522-11
SWIFT CODE: KOBSMK2X
IBAN CODE: MK07300701000001228
Донација на помош во: храна, облека, обувки, средства за хигиена, постелнина и други артикли можат да се предадат во општинските организации на Црвениот крст. Донирајте ја вашата облека во контејнерите за собирање на облека, на следниве локации:
Пред Црвениот крст на Република Македонија
Пред Домот на хуманитарни организации “Даре Џамбаз“
Во ОУ „Ѓоргија Пулевски“ општина Аеродром
Пред општинската организација на Црвен крст Карпош
Пред општинската организација на Црвен крст Чаир
Пред ТЦ Скопје Сити Мол
ЗА ИНФОРМАЦИИ СЛЕДЕТЕ ЈА И ГРУПАТА НА ФЕЈСБУК ХУМАНИТАРНА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО СКОПЈЕ
Нема коментари