Не е тајна дека ноншалантниот и елегантен стил на вистинските француски жени се смета за референца низ целиот свет, а нивниот талент да изгледаат совршени дури и во најобични фармерки и сако е магичен. Постојано го следиме и анализираме стилот на парижанките, верувајќи дека евентуално ќе ја откриеме нивната тајна. За инпирација ѕиркаме во Инстаграм профилите на неколку француски стилски ѕвезди, како Сабина Сокол и Леја Шфез, кои вреди да ги следите.
Леја Шфез
Работи како уметнички директор и советува разни компании во создавањето уникатен стил на нивниот бренд.
Ана Лора Мае
Стилот на Ана Лора е експлозивна мешавина на трендовите од 90-тите и 2000-тите години. Стилот го пресликува и во својот моден бренд Musier Paris.
Сабина Сокол
Фотографиите на Сабина ја отлсикуваат париската енергија. Сака романтични и класични парчиња, фармерки и интересни палта.
Луси Мае
Стилистката Луси Мае е вистински олицетворение на обичниот париски шик. Хит во последно време ѝ се моделите со впечатлива „детска“ јака, мекитеоџемпери, блузите со пуф-ракави и класичните палта.
Сара Најт
Стилот на оваа девојка е како водич низ модата од 70-тите години – костими, ѕвонети панаталони и кошули со долги јаки.
Нема коментари