• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
фото галерија 0

Храбри и креативни дизајни на саемот за современа уметност – „Паратисима“

Од stylist @StylistMKD · На јуни 15, 2014
Дело на Инес Ефремова претставено во уметничкиот лавиринт во денсинг салата на МКЦ

Дело на Инес Ефремова претставено во уметничкиот лавиринт во денсинг салата на МКЦ

Под мотото „поврзување“, деведесетина млади креативци од Македонија, Италија, Грција, Франција и Црна Гора воспоставија уметничка врска на познатиот торински саем за современа уметност, „Паратисима“. Првото издание на интернационалниот фестивал во нашата земја, викендов во просториите на Младинскиот културен центар во Скопје, привлече неколку стотици љубители на современата уметност, моден и индустриски дизајн и независната музика.

Инсталацијата на Александра Илиќ предизвика многу внимание

Во импровизираниот уметнички лавиринт, поставен во денсинг салата на МКЦ може да се погледнат  храбри и уникатни дела, фотографии, колажи и инсталации. Покрај уметничките поставки, во  и надвор од МКЦ на програмата се  музички концерти  со изведувачи од Италија и од Македонија, моден акол со облека и накит, проекции на видеа, артистички  перформанси,  како и повеќе работилници и презентации. Концептот на „Паратисима“, да даде можност на сите автори да бидат прикажани без претходна селекција, се покажа како успешен и предизвикувачки, бидејќи на учесниците им беше дадена шанса да ги претстават своите идеи и креативност без цензура, онака како што ги замислиле. Вечевра во  21.30 часот ќе бидат објавени селектираните 10-тина автори кои што ќе имаат можност да ги прикажат своите дела на „Паратисима“ во Торино, во ноември, 2014 година.

Еми Норис на уникатен начин, на грамофонски плочи гo претстави својот накит

Посебно внимание привлече модниот агол, каде што се претставија повеќе брендови и дизајнери на накит и облека. Меѓу нив беа Емилија Дамјановиќ (Еми Норис), Mei Ro, „Алка“, Калина Брајковска, Мелани Димитровска, Acid Wear girls, како и Glass painting by Ana  и  Игор Путевски. Еми Норис на уникатен начин, на грамофонски плочи поставени на подот, ги имаше претставено своите парчиња накит. Понуди ѓердани направени од плексиглас и метал, најголем број од нејзината нова колекција “Во женски клуч“.

Уникатниот накит на Mei Ro е изработен од електронски отпад

Зад  брендот на уникатен накит Mei Ro стојат Сандра Јовановска и Маја Стојковска, кои изработуваат накит од електронски отпад. Тие одушевија со несекојдневните обетки и брошеви направени од рециклирани метални елементи од стари компјутери, часовници, фотоапарати и други предмети, на кои им дале нов изглед во вид на мини машина за пишување, грамофонски плочи, сет си иглии слично.

Тимот на „Алка“ изработува накит од мониста, бакар и сребро

„Алка“ преставува проект што поврзива три дизајнерки на накит кои користат различни техники и материјали во изработка на накит од мониста, бакар и сребро.

Калина Брајковска ја претстави линијата „Дома“

Калина Брајковска се претстави со колекцијата на облека,  „Дома“,  која ги разработува процесите на раѓање, смрт и повторно раѓање…откривањето на духовни длабочини. „Дома“ ја претставува утробата на Мајката Земја, синоним за глобално чувствои сигурност, љубов, топлина и слобода, која ни овозможува да талкаме  и сонуваме пред да се вратиме дома.

Мелани Димитровска ги изложи своите минималистички парчиња облека

 

Младата дизајнерка Мелани Димитровска ги изложи своите минималистички парчиња облека и додатоци, кои имаат футиристички печат и геометриски пристап.

Креативното катче на Acid Wear girls

Сандра Петкова, која стои зад познатиот бренд за улична мода, Acid Wear girls, во своето креативно катче понуди креации од неколку колекции. Ведриот дух на креаторката се пресликува на креациите, кои не само што се разиграни со шари и тонови, туки имаат и динамична форма.

Игор Путевски понуди уникатни светилки

 

Glass painting by Ana  престави рачно изработени витражи, а  Игор Путевски понуди уникатни светилки: ламби и лустери.

На настанот Stylist.mk е официјален медиумски партнер за модната програма. Тимот на Stylist.mk во рамките на саемот организира изложба, работилница и проекција на видеа.

Stylist.mk во рамките на саемот организира изложба со модни фотографии

„Паратисима Скопје“ е проект на Граѓанското здружение за промоција и поддршка на културата „Континео 2020“, во соработка со партнерската организација YLDA (Young People for Local Development Association) од Торино, а реализиран со финансиска поддршка од Стопанска комора Торино и институционална поддршка од Младинскиот Културен Центар, Град Торино и Град Скопје.

Фото: Stylist.mk

Лабина Митевска го посети модниот агол на „Паратисима“

Лабина Митевска го посети модниот агол на „Паратисима“

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на отворањето на саемот во МКЦ

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, присуствуваше на отворањето на саемот во МКЦ

Зад скопското издание на „Паратисима“ стојат Елена Вељановска и Бојана Стојменовска

Зад скопското издание на „Паратисима“ стојат Елена Вељановска и Бојана Стојменовска

 

paratissima (78)
paratissima (68)
paratissima (65)
paratissima (67)
paratissima (64)

Acid wear GirlsMei RoParatissimaStylist.mkYLDAАлкаВо женски клучГрцијадизајнЕми НорисизложбаИталијаКалина БрајковскаКонтинео 2020Македонијамакедонски дизајнеримакедонски дизајнери на накитМелани ДимитровскаМКЦМладинскиот културен центар- СкопјемодамузикаобукаПаратисимаПаратисима СкопјеПаратисима ТориноперформансработилницаСандра ПетковаСкопјесовремена уметностуметнициуметностФранцијаЦрна Гора
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 massimo dutti фото галерија

    Ленена облека, широки кроеви и смирени бои кај Massimo Dutti

  • zara (1) фото галерија

    Пустинска егзотика во пролетната кампања на Zara

  • 2 фото галерија

    Модни трендови забележани на миланската улична мода

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • jovana neshova (1)

    Бремената манекенка Јована Нешова позира за насловната на „Моделс ин“

Модна азбука

  • Poncho

    ПОНЧО – префрлена наметка со отвор за глава

    ноември 20, 2020

Видео

  • funk shui

    Слушаме македонска музика: „Не време“ на Funk Shui и гостинката Вера од Љубојна

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • 1

    Zara го повикува топлото време со јаки бои и впечатливи шари

    април 19, 2021
  • 1

    Блузи и кошули од Mango кои ќе ја дополнат вашата пролетна гардероба

    април 19, 2021
  • Annabel-Rosendahl

    ИНСТАГРАМ ИНСПИРАЦИЈА: Стилски идеи за променливо априлско време

    април 19, 2021
  • msu

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во МСУ

    април 19, 2021
  • 1

    Белата облека најсовршена во пролетно-летните денови

    април 16, 2021

Убавина

  • PearInc100ml_RVB

    Pear Inc. на Juliette Has a Gun небесен мирис кој предизвикува среќа, позитива и сонце

    април 10, 2021
  • Mixed Emotions cut

    MIXED EMOTIONS – Во ред е да не се биде во ред

    април 6, 2021
  • 1 guerlain

    Mon Guerlain Sparkling Bouquet – мирисот на пенлива радост

    април 2, 2021
  • 1 MAC-Cosmetics-Black-Cherry

    Новата колекција Black Cherry на MAC Cosmetics од денеска во скопската продавница

    март 30, 2021
  • fac

    Геловите за чистење клучен дел од негата на лицето

    март 11, 2021

Живот

  • 2

    Дајан вон Фурстенберг дизајнира предмети за домот за H&M Home

    април 14, 2021
  • FotoJet

    Две супер состојки што треба да ги консумирате – хељда и амарант

    април 12, 2021
  • pilates

    Десетминутен тренинг за стомак, задник и нозе

    април 8, 2021
  • IQOS 3 Duo 3

    Повеќе харизма во личниот стил со помош на додатоци

    март 30, 2021
  • Znakoven Bitola 2

    Радмила од Богданци и Мартин од Битола, лица со оштетен слух го отворија првото знаковно кафуле во Битола

    март 29, 2021

Култура

  • msu

    „Главните пунктови на македонската ликовна уметност во 70-те и 80-те години“ во МСУ

    април 19, 2021
  • Louvre

    Прошетка низ музејот Лувр од дома

    април 7, 2021
  • Filmski Predizvik (1)

    Нов европски филмски предизвик – освој најмногу поени и отпатувај на црвениот тепих во Кан

    март 24, 2021
  • gordana vrencoska

    Онлајн-промоција на „Македонски визуелен идентитет“ од Гордана Вренцоска

    март 23, 2021
  • ?????????

    Виртуелна промоција на „Букварот на Биби“ денеска во 19 часот

    март 22, 2021

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања убавина улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics