Париз, светската престолнина на модата, конечно добива музеј кој пермамнентно ќе биде посветен на модата. Пaрискиот Palais Galliera, познат и како Musée de la Mode de la Ville de Paris, во последните години служи како домаќин на изложби посветени на Кристијан Диор, Жан Пол Готје, Ив Сен Лоран и други великани на модата, сега службено станува музеј посветен само на модата.
Во неоренесансната палата Galliera од 19 век, со помош на модната куќа „Шанел“ ќе изгради нова галерија, чие отворање е најавено за 2019 година. Галеријата ќе биде наречена The Gabrielle Chanel Rooms, и ќе му обезбеди на Palais Galliera епитетот на прв постојан музеј на модата во Франција.
-Куќата на „Шанел“ е одушевена што ќе го промовира Париз, меѓународниот град на модата, и особено што ќе го подржи Palais Galliera со тоа што своите исклучителни колекции ќе ги направи достапни достапни за сите во новите, трајни простори кои ќе го носи името на основачот на куќа, Габриел Шанел – објаснува претседателот на Chanel Fashion, Бруно Павловски.
Музејот е лоциран на десниот брег на Париз, близу музејот на модерна уметност Palais de Tokyo, каде што се додржуваат и модни ревии во текот на Париската модна недела.
-Париз е горд на овој исклучителен простор и уште еднаш ќе докаже дека светска престолнина на високата мода – изјави градоначелничката на Париз, Ан Хидалго.
Нема коментари