Секогаш постои едно златно правило во манекенството, биди упорен и чекај да се појави вистинската шанса за добар ангажман која понатаму ќе ти отвори многу врати.Токму затоа моделите константно работат на себе, затоа што не знаат со кој проект ќе бидат лансирани како заштитно лице на бренд.Токму тоа се случи неодамна кога нашиот познат интернационален модел Павле Николовски стана заштитно лице за новата кампања на брендот БАРБОСА. Целата фотосесија се случи во Сараево, Босна и Херцеговина, со тимот кој пристигна од Белград. Под водство на врвниот фотограф Јасмин Фазлагиќ,Николовски како вистински професионалец покажа дека не случајно високо котира помеѓу машките модели на Балканот.Веќе неколку години е дел од модната агенција „Моделс ИН“ од Скопје, а неодамна беше и заштитно лице на „Атеље Љутикова“ за новата линија на машката колекција. Во моментов е во Турција каде има ревии и нов ангажман.Неговиот успех е голем поттик за нас и понатаму да вложуваме и работиме со нашите модели – вели Алек Наумовски од неговата матична агенција.
Фотограф: Јасмин Фазлагиќ/ Шминка: Сањин Егон/ Стајлинг: Антонија Радиќ/ Коса: Махир Синановиќ/ Локација: Хотел Хилс Сараево
Нема коментари