Македонскиот фудбалски клуб Пелистер во тензично финале против екипата на Шкендија го однесе трофејот во Битола. Ова е негова втора титула по онаа во 2001 година. Овој фудбалски клуб зад кој како горди сопственици но и поддржувачи стојат Пелистерка, Орка Холдинг, ЗИГ Пелагонија, Жито Битола, Општина Битола, но и останатите поддржувачи и пријатели како Стопанска Банка Битола и многу други, вчера на голема врата се врати помеѓу Шампионите.
Претседателот на клубот, Цветан Панделески, по превземањето на клубот, во една прилика пред новинарите изјави:
„Чест ми е што сум дел од овој традиционален клуб и што започнавме еден проект со кој верувам дека Битола ќе се гордее. Пакет од акции со кои раководи клубот е составен од повеќе компании кои се во наша контрола и верувам дека ќе вклучиме и други компании кои се подготвени да вложуваат во клубот. Тука сум да ги поздравам и охрабрам. Заедно со сениорската екипа ќе работиме и на прогресот со младите категории кои сметам дека ќе бидат столб на клубот. Не кријам дека сакам овој клуб да го видам во Европа и за тоа ќе треба сите напорно да работиме за да ја оствариме целта. Нема да го заобиколиме и проблемот со стадионот, знаеме дека во иднина ќе играме европски натпревари, а ние не сакаме да си дозволиме тие натпревари да ги играме на друго место.“
Оваа шампионска титула на ФК Пелистер, е само почеток во исполнувањето на плановите и проекциите на Претседателот Цветан Панделески.
ФК Пелистер е основан 1945 година по ослободувањето.
Нема коментари