Стилска икона и предводничка на скандинавскиот стил, Инстаграм инфлуенсерка и сопственичка на маркетинг агенцијата Social Zoo, Пернил Тејсбек сега е и заштитно лице на Studio колекцијата на шведскиот моден гигант H&M. Таа позира во неколку класични модни парчиња наменети за есен-зима 2018/19, како мантил, сако, бела кошула, црни панталони, кои ги искомбинирала во нејзин стил. Таа смета дека тајната на добро изграден моден стил е во умешното комбинирање на класичната облека на интересен и иновативен начин внесувајќи модни додатоци.
-Ако имате добри базични парчиња во вашата гардероба, можете да ги избегнете многуте утрински кризи што да облечете, особено ако претходно вложите време да истражувате нови начини како да ја носите облеката - вели Пернил за клучните состојки за успешен изглед.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари