Музата на новиот скандинавски стил создаде колекција на основни модни парчиња, достапни по цена, но луксузни на изглед
Данската стилсистка, креативка и мега-инфлуенсерка Пернил Тејсбек неколку години учествува во модните кампањи на брендот Манго и е една од првите таканарачени Манго девојки, сега повторно соработува со брендот, но на поинаков начин. Таа дизајнира капсулна колекција од 20 парчиња изработени од одржлии материјали како органски памук и рециклиран полиестер, парчиња кои се основа на женската гардероба и кои можат да се интегрираат во сечиј стил, а можат да се носат во различни пригоди, на работа и во сите моменти на дружење.
-Сакав да создадам колекција која ќе го издржи тестот на времето. За мене, ова се најважните парчиња облека што може да се носат дење и ноќе, како што се фармерки, бела маичка или класично скроено сако – вели Пернил за облеката во колекцијата.
Оваа колекција која ги спојува скандинавскиот стил на Пернил и медитеранскиот дух на Манго, го нагласува високиот квалитет на базичните парчиња. Иако базични, Тејсбек вели дека со слоевито облекување, тие може да бидат сè друго освен здодевни.
-Сè е до стајлингот. Може да ја направите основната гардероба многу поинтересна – објаснува таа.
Ексклузивната колекција е достапна на официјалната веб страница mango.com и во избрани продавници во земји како Германија, Франција, Италија, Португалија, Русија, Полска, Турција, ОАЕ, САД и Шпанија.
Нема коментари