• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ со две престижни награди на Берлинале

Од stylist @StylistMKD · На февруари 17, 2019

IMG-18a36f61e7533631e78e3c92ba963a30-V

На вчерашното доделување наградите од независни жири комисии во рамки на Берлинскиот меѓународен филмски фестивал, беше соопштено дека престижната награда од жири комисијата “Ecumenical” ја добива нашиот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска. Нашиот филм дополнително се закити и со уште една фантастична награда специфична за берлинскиот фестивал, наградата “Guild Film Prize”.

„Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови. Независно од исходот на главното доделување на Златната мечка, овие две награди, како и овациите, аплаузите и одличните рецензии од врвните филмски критичари, за нас се најголемото признание и сведоштво дека навистина успеавме да направиме филм кој испраќа силна порака“, изјави режисерката Теона Стругар Митевска.

Инаку, “Ecumenical Award” е независна филмска награда која се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали уште од 1973 година, како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари, а целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот.

Во Берлин оваа награда се доделува од 1992 година, а “Ecumenical” жири комисијата ја претставуваат меѓународните филмски организации на протестантските и католичките цркви, “INTERFILM” и “SIGNIS”. Сочинета е од шестчлена жири комисија, а главната награда се доделува на филм од главната конкуренција на Берлинале за режисери кои успеале да ги претстават дејствијата или човечките искуства кои се во согласност со Евангелијата или да ги поттикнат гледачите на духовни, човекови или општествени вредности.

IMG-72cba48a4828e6def4340981bc76a9a1-V

Низ историјата, почнувајќи од 1974 во Кан, бројни реномирани и звучни филмски имиња се имаат закитено со наградата на “Ecumenical” жири комисијата, меѓу кои и Андреј Тарковски, Вим Вендерс, Кшиштоф Кишловски, Мајкл Винтерботом, Браќата Тавијани, Михаел Ханеке и многу други, а оваа 2019 година престижната награда оди во рацете на Теона Стругар Митевска, за „Господ постои, името ѝ е Петрунија“.

Наградата “Guild Film Prize”, пак, ја доделува тричлена жири комисија, чии членови се управители на арт кина, а се исто така членови на Асоцијацијата на германската уметничка кинематографија “AG Kino – Gilde e.V.”. Оваа Асоцијација денес брои повеќе од 300 независни филмски арт кино сали ширум Германија. Истата е поддржана од повеќе од 40 дистрибутери, здруженија и компании, а Асоцијацијата е дел и од европската кино мрежа “CICAE”.

IMG-153799c69fb63753ee89596196a78592-V

Жири комисијата на “Guild Film Prize” наградата ја доделува исто така на филмови од главната компетиција на Берлинале и е огромна препорака за гледачите и дистрибутерите, што ќе помогне за уште подобра дистрибуција на филмот кој наиде на неверојатен прием кај фестивалската публика.

 

БерлиналеБерлинале 2019Господ постои името ѝ е Петрунијамакедонски филмТеона Стругар Митевскафилмфилмски награди
Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics