Креативното студио „Преплет“ во сабота, 21 април, ќе го прослави петтиот роденден со забава во своето ателје во Дебар Маало која почнува во 11 часот. По повод рoденденот креативките на „Преплет“ Викторија Ланговска и Магдалена Дилевска Аврамовска дизајнираа лимитирана колекција за сите точакољубци и урбани спортисти кои знаат деновите да си ги претворат во возбуда. „Преплет е приказна која се раскажува веќе 5 години. Горди сме на сите подглавја, на сите ликови во неа и на сите вие кои секојдневно ја пренесувате“, велат тие и ве покануваат на роденденско дружење на ул. Благој Давков бр. 7А во Дебар Маало.
Нема коментари