• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
Култура 0

„Арс Ламина“ го одбележа роденденот на Петре М. Андреевски во неговото родно Слоештица

Од stylist @StylistMKD · На јуни 25, 2020

1

По повод роденденот на Петре М. Андреевски, тимот на „Арс Ламина“ го посети родното место Слоештица и однесе изданија од неговите дела

Да се чува сеќавањето и творештвото на бардовите на македонската книжевност е обврска на секој од нас, поради што неодамна „Арс Ламина – публикации“ реобјави дела на Петре М. Андреевски, а по повод неговиот роденден, 25 јуни, тимот на издавачката куќа го посети и неговото родно место Слоештица и му оддаде почит. Во селото има патокази кои насочуваат кон клучни места поврзани со писателот Андреевски. Уште на влезот стои дрвена табла со ликот на Петре испишана со зборови од кои е сочинето неговото творештво и кои се препознатливи за неговите дела. Изработен е од неговата внука Воскресија Андреевска која воедно ги креираше и илустрациите за делата на Петре М. Андреевски, објавени во рамки на едицијата „Македонски книжевни класици“.

2

Родната куќа и дворот, како и собата на Петре во Слоештица

– Последната станица на нашата посета беше неговата вечна куќа. Неговиот син и уметник, Сергеј Андреевски, ни откри дека Петре го споделува ова почивалиште со Велика, неговата хероина од романот „Пиреј“. Авторот и неговиот лик соединети – сознание што предизвикува морници. Покрај гробот исправена стои статуа со неговиот лик. Ја изработил негов пријател-скулптор уште додека бил жив. Кога ја видел, се доживеал како да се огледува во огледало. Наместо цвеќе, како роденденски подарок му ги донесовме најновите изданија на неговите дела, реанимирани со цртежите од неговата внука, уметницата Воскресија Андреевска и сработени со посебна почит како што зограф создава нечиј свет лик. И токму таму, се заветивме дека ќе го чуваме од заборав, ликот и делото на неговото величие – Петре М. Андреевски – велат од тимот на „Арс Ламина“, кои ја посетија Слоештица за роденденот на книжевниот великан.

3

Семејството на Петре на стари фотографии, а неговата внука Воскресија Андреевска позира со своја творба со ликот на нејзиниот дедо

Освен во сите книжарници „Литература.мк“, книгите можат да се купат и онлајн на интернет-страницата www.literatura.mk, а исто така ќе бидат достапни и во сите продажни места на весникот „Слободен печат“. Периодов во продажба се најдоа: првите две изданија од едицијата, романот Тунел и во едно издание расказите Боемите и стихозбирката Пофалби и поплаки, потоа (во едно издание) незавршениот и последен роман на Андреевски, Бежанци и збирката песни Јазли, и стихозбирката Лакримариј. Од вчера заедно со весникот „Слободен печат“ можат да се купат и романот Последните селани и стихозбирката Дални наковални, а во периодот што следува, ќе бидат достапни во продажба и останатите дела: романот Скакулци и стихозбирките И на небо и на земја и Вечна куќа: тажаленки. Во посебна едиција ќе биде објавена и поетската збирка за деца Шарам барам.

4

На гробот на Петре М. Андреевски

Од издавачката куќа најавуваат и проширување на едицијата „Македонски книжевни класици“ со нови дела од македонски писатели кои ги афирмирале македонскиот јазик и македонската книжевност и со нивните творби и нивната дејност нè задолжиле да го сочуваме создаденото и да ја продолжиме нивната мисија.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 (14) Култура

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

  • Госпоѓа Бовари 3 (2) Култура

    Двојна изведба на балетскиот спектакл „Госпоѓа Бовари“ на 18 и 21 ноември

  • 1 Култура

    По 40 години, нешто ново од „Бушава азбука“ – „Буквождер“ пристигнува на 8 ноември

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • tmf revija

    Нови модни импресии на јубилејната 20-та студентска ревија на ТМФ насловена „Вортекс импресии“

    јуни 24, 2026
  • 1

    СТИЛСКА ИДЕЈА: Бела кошула со машки крој

    јуни 17, 2026
  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 1 fondacija frosina kulakova

    Фондацијата „Фросина Кулакова“ и МВР потпишаа меморандум за заедничка борба за поголема безбедност во сообраќајот

    мај 27, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1

    Филмот „Скејтбордингот не е за девојчиња“ на Дина Дума светската премиера ќе ја има на фестивалот на Роберт Де Ниро („Трибека фестивал“)

    јуни 1, 2026
  • 2indog

    Изложбата „Меѓу нас“ на Индог – визуелна приказна за емпатија, надеж и колективна грижа

    мај 27, 2026
  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics