Есенската колекција на Алесандро Микеле за „Гучи“ е една од највпечатливите на сезоната, преполна со креации кои инстантно станаа хит меѓу трендсетерките и пример за трендови што може да се најдат кај модните брендови со достапни цени. Во една креација од колекцијата за есен-зима 2016/17 дизајнерот предложи малку необична комбинација на бои – модрозелена, таканаречена петролеј боја и боја на мандарина. Двете нијанси посебно се деликатни за носење, а заедно во микс се уште повеќе незгодни, но тоа не го спречи Микеле да прекажи комбинација во која ги спојува.
Тајната за успешен спој е во пронаѓањето на вистински нијанси. Во однос на портокаловата боја, таа треба повеќе да влече на нијанса на мандарина, а не на портокал, да потсетува на зајдисонце во пустина или на Hermès портокаловата. Во однос на зеленкастата нијанса (teal на англиски), барајте модрозелена боја со сини нијанси.
Оваа колор-шема стана актуелна во уредувањето на домот и во органзирањето на свадбена декорација соодветна за есен.
Нема коментари