• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
филм 0

Филмот „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ во трка за наградата „Лукс“ на Европскиот парламент

Од stylist @StylistMKD · На јули 24, 2019

LUX Prize Official-competition-2019.

Прв пат во историјата на наградата „Лукс“ во трка македонски филм, „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ на Теона С. Митевска сериозен конкурент за оваа награда

Македонскиот филм „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ на режисерката Теона Митевска, по селекцијата во Берлин, успехот во Пула и неколку други филмски фестивали, влегува во трка за престижната награда „Лукс“ што ја доделува Европскиот парламент. Ова беше соопштено на денешната прес конференција организирана од Европскиот парламент.

По излагањето на новоизбраниот претседател Давид Мариа Сасоли беа објавени насловите на трите европски филмови кои се селектирани за годинешната награда „Лукс“ .

За најновиот филм на Теона С. Митевска на прес конференцијата беше истакнато дека станува збор за „Моќно филмско дело кое ја раскажува приказната за една жена која е дел од религиозна церемонија каде имаат пристап единствено мажите, чин што значително придонесува за феминистичката борба на оваа жена – најакутното социјално прашање на нашето време, кое е интензивирано на Балканот“.

Оваа вест е дотолку позначајна бидејќи во историјата на доделување на оваа награда по прв пат е селектиран македонски филм. Оваа вест ни стигнува како континуитет на успесите на македонскиот филм.

„Радува фактот што македонската кинематографија годинава постигнува максимална видливост од нејзиното постоење до денес. Фестивалите во Берлин, Кан, Венеција, Санденс, Лос Анџелес станаа секојдневен дострел на македонските филмаџии, а одмерувањето со најдобрите филски автори во Европа и Светот веќе дури не не изненадува. Новата стратегија за развој на филмската уметност, за неполни две години даде фантастични резултати. Честитки за селекцијата за наградите „Лукс“ и се надеваме контиунуитетот на афирмација на нашата филмска уметност нема да застане тука“, соопштува Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.

petrunija

Проекцијата на „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ организирана од наградите „Лукс“ ќе биде на престојниот филмски фестивал во Венеција.

Заедно со „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“ снимен во копродукција сo Белгија, Словенија, Хрватска и Франција во режија на Теона С. Митевска, се филмовите „Кралство“ на Родриго Сорогојен (Шпанија, Франција) и „Нерешениот случај Хамарскјолд“ на Мадс Бругер (Данска, Норвешка, Шведска и Белгија).

Темите кои ги обработуваат трите филмови селектирани филмови ја претставуваат различноста и креативноста на европскиот филм. Во селекцијата на сите три наслови е видлив широк спектар на филмски стилови, вклучувајќи документарен филм, социјална драма со елементи на комедија и политички трилер, каде жанровите и родовите се добро балансирани.

Сите три филма имаат многу успешен фестивалски живот и се наградувани како „Нерешениот случај Хамарскјолд“ кој ја имаше својата премиера на филмскиот естивал во Санденс каде ја доби наградата за најдобра режија во програмата “World Cinema Documentary Competition“, „Господ постои, нејзиното име е Петрунија“, својата премиера ја имаше на Берлинале каде доби две награди од независно жири, а филмот „Кралство“ имаше премиера на филмскиот фестивал во Сан Себастијан.

Осма година по ред овие филмови ќе бидат главен сегмент на филмските денови – „Лукс“ оваа есен. Преку оваа иницијатива, а со цел да се поддржи европската филмска индустрија и да им се помогне на овие значајни европски копродукции да бидат видени надвор од националните рамки Филмската награда „Лукс“ги преведе овие филмови на 24 официјални јазици на Европската унија и истите ќе бидат прикажани во повеќе од 50 градови и фестивали во сите 28 земји на ЕУ.

Овоодинешните филмски денови „Лукс“ уште еднаш ќе се одржат во соработката со Канцелариите на Европскиот парламент и канцелариите на МЕДИА програмата низ Европа со цел поголема видливост и промоција. Воедно во соработка со Креативна Европа.

На есен, новоизбраните членови на Европскиот парламент ќе бидат поканети да гласаат за еден од трите филма што се натпреваруваат. Победникот ќе биде објавен на 27 ноември на формалното заседание на Европскиот парламент во Стразбур, во присуство на директорите. Филмот победник, ќе биде дополнително обработен со прилагодување за лицата со оштетена вид и слух и ќе добие дополнителна поддршка за меѓународно претставување.

Филмот „Господ постои нејзиното име е Петрунија“ беше селектиран во првиот круг заедно со уште девет европски ко-продуцкии меѓу кои беше и филмот „Медена земја“ во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов, после оваа селекција тој е влезен во најтесниот круг за избор на оваа престижна награда.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 OSCARS o_38572296_1280 филм

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

  • 2V7A7475 филм

    FilmED Филмот како образовна алатка – Разговори и работилница на Beach Film Festival

  • megalopolis филм

    Програма на јубилеи во месец октомври во Кинотека

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • 1

    MY:TIME ја продолжува емотивната приказна „Моменти за нас“ – Пролетна порака која ќе ве натера да застанете

    април 24, 2026
  • 1hmstella

    H&M ја претставува колекцијата креирана во соработка со дизајнерката Стела Мекартни

    април 17, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026

Убавина

  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024
  • naslovna

    Што препорачуваат дерматолозите како ефикасно решение против пигментација на кожата

    ноември 5, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026
  • 1 OSCARS o_38572296_1280

    ОСКАРИ 2026: Филмот „Една битка по друга“ апсолутен победник, Џеси Бакли и Мајкл Б. Џордан најдобри актери

    март 16, 2026
  • zizel

    Романтичниот балет „Жизел“ на сцената на Националната опера и балет на 27 февруари

    февруари 19, 2026

Тагови

Vogue Инстаграм Моден викенд-Скопје Париз Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics