• Дома
  • Мода
    • моден монитор
    • интервју
    • досие
    • трендови
    • ревии
    • личности
    • едиторијал
    • lookbook
    • модни додатоци
    • ретро
  • Стил
    • стилска листа
    • личен стил
    • улична мода
    • црвен килим
    • икона на стилот
    • сам свој стилист
    • барометар
  • Убавина
    • новини
    • шминка и фризура
    • нега
    • пред огледало
    • туторијал
  • Живот
    • животен стил со…
    • дизајн и декор
    • урбан простор
    • здрав живот
    • гастрономија
    • фит-форма
    • психологија
    • патувања и дестинации
    • хајтек
  • Култура
    • културен водич
    • кул-листа
    • музика
    • филм
    • ТВ
    • театар
    • уметност
    • книги и магазини
  • @РАБОТА
    • деловен изглед
    • од 9 до 5
    • работно катче
    • кариера
  • Галерија
    • фото галерија
    • видео галерија
    • калеидоскоп
  • Излог
  • Контакт
Stylist
здрав живот 0

Пивара Скопје и Министерството за здравство ќе отвораат три Роса школи за родителство

Од stylist @StylistMKD · На февруари 8, 2018

02

Нов партнерски проект на Пивара Скопје и Министерството за здравство за едукација на идните родители

Денес Пивара Скопје и Министерството за здравство го најавија својот најнов проект преку кој ќе се издвојува по 1 денар од секое продадено шише Роса вода од 1,5 л, а средствата ќе бидат наменети за отворање 3 школи за родителство во здравствени домови во Македонија.

Овој проект се реализира со поддршка на Министерството за здравство, а истиот е наменет за сите заинтересирани идни родители во Македонија. Негова основна цел е всушност едукација на идните родители и останати членови од семејството како да се справат со секојдневните предизвици што ги носат нивните нови улоги. Првите Роса школи ќе бидат отворени во последниот квартал од 2018 година, кога вакви школи ќе добијат Поликлиниката „Јане Сандански“ во Скопје, Клиничката болница во Битола и Општата болница во Гостивар.

03

На одржаната прес-конференција се обратија г-дин Родерик Розенбаум, Комерцијален директор на Пивара Скопје, како и министерот за здравство, Доц. Д-р Венко Филипче, кои истакнаа дека отворањето на вакви школи за родителство е од исклучително значење, како за идните родители, така и за здравството во Македонија.

„Со овој проект Пивара Скопје уште еднаш ја потврдува својата определба да биде долгорочен партнер и поддржувач на добросостојбата на сите категории граѓани и заедницата воопшто. Роса школите за родителство се особено значајни за нас како компанија, пред сè бидејќи се работи за први школи од ваков тип во јавниот сектор во Македонија и искрено верувам дека преку нив ќе успееме да направиме позитивен придонес во здравството. Би сакал истовремено и да ја изразам нашата благодарност до Министерството за здравство за нивната поддршка и професионална помош која несебично ќе ја овозможат за сите идни родители, со цел заедно да делуваме во насока на создавање здрави идни поколенија“, изјави г-дин Родерик Розенбаум, Комерцијален директор на Пивара Скопје.

04

„Навистина ми е чест што заедно со Пивара Скопје го започнуваме овој значаен проект, со кој сигурен сум дека нема да имаат корист само идните родители, туку и целокупното здравство, особено што допираат еден од најзначајните сегменти, а тоа е родителството. Министерството за здравство ќе обезбеди експертска помош и стручен кадар од доктори специјалисти кои ќе работат во овие школи и верувам дека навистина ќе успееме да одговориме на сите прашања и дилеми врзани со бременоста и новороденчињата, а со тоа и да им ги олесниме новите животни улоги на сите идни родители“, изјави Доц. Д-р Венко Филипче, министер за здравство.

05

Инаку во школите ќе работи обучен и стручен тим од педијатари, гинеколози и акушери, патронажни и гинеколошко-акушерски сестри кои преку бројни работилници организирани во 5 тематски целини ќе обучуваат за успешно родителство, за текот на бременоста и нега на трудниците, како и за подготовките за породување, негата и исхраната на новороденчето.

Просториите каде ќе бидат сместени школите ќе бидат комплетно реновирани и опремени со мебел и останата опрема неопходна за успешна реализација на работилниците од страна на Пивара Скопје, а значаен придонес на целата иницијатива всушност ќе дадат и граѓаните од цела Македонија кои ќе ги купуваат пакувањата од 1,5 л од чија продажба ќе се издвојува по 1 денар за оваа цел.

Сподели Tweet

Можеби ќе Ве интересира

  • 1 здрав живот

    Витаминска бомба од 17 состојки

  • Strawberry Chia Pudding здрав живот

    Кремаст чиа пудинг со јагоди

  • 3 (3) здрав живот

    Започна пријавувањето за „Халк Еко Скопје Трча 10КМ“

Нема коментари

Остави одговор Откажи одговор

ПОБАРАЈТЕ НÈ НА FACEBOOK

Калеидоскоп

  • sarastoi

    Македонскиот модел Сара Стои за престижниот магазин Numero Switzerland

Модна азбука

  • ПЛИСЕ – ткаенина со правилни ситни набори

    јули 29, 2021

Видео

  • skjapareli

    Новата колекција на висока мода на Скјапарели ја слави моќта на трансформацијата

СЛЕДЕТЕ НÈ НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ

Follow @stylistmkd
Follow on Instagram
Follow on rss

НАЈНОВИ ОБЈАВИ

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • Kiki-Ring-1

    Рачна изработка и премиум материјали: YOVA ја лансираше колекцијата „Блосом“ за пролет-лето 2026

    април 27, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026

Убавина

  • 1 K BEAUTY

    Фестивал на корејска убавина за од 8 до 10 мај и едукативни панели со дерматолози и фармацевти

    мај 6, 2026
  • 3

    Совети за пролетен блескав тен

    април 15, 2025
  • eucerin

    Зимски предизвици на кожата: Како да ја заштитите кожата од загаден воздух и сув воздух во затворени простории?

    јануари 13, 2025
  • eucerin (2)

    Блеснете во Новата година со иновативниот Eucerin Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум

    декември 16, 2024
  • geske

    Грин Мастер Ви ја претставува GESKE® Германската револуција во негата на кожата

    ноември 18, 2024

Живот

  • 1

    Bitola Whisky Fest: Битола како сцена, вискито како причина

    март 31, 2026
  • 1

    Витаминска бомба од 17 состојки

    јануари 9, 2026
  • winter festival

    Предновогодишнa зимска магија на Winter Festival со многу музика и улична храна пред СЦ „Борис Трајковски

    декември 24, 2025
  • Poster-so-logoa-story_1

    Денеска почнува петтото јубилејно издание на SKOPJE WHISKEY FEST

    ноември 6, 2025
  • KID-EXPO--poster

    Овој викенд е посветен на децата – Во Скопје се случува третото, најголемо и највозбудливо издание на Kid Expo

    октомври 2, 2025

Култура

  • yes

    Шесто издание на ЈЕС ФЕСТИВАЛ од 14 до 20 мај во Скопје

    мај 12, 2026
  • toska

    Изведба на операта „Тоска“ од Џакомо Пучини на 16 мај во рамките на „Мајски оперски вечери“

    мај 12, 2026
  • 1 (14)

    Мјузиклот „Као какао“ премиерно на 2 и 3 јуни во МНТ

    април 24, 2026
  • SAKURA FESTIVAL ПОСТ

    Sakura Festival: Kултурно-едукативен настан инспириран од јапонската традиција ќе се одржи во Скопје

    април 17, 2026
  • ???????????????????????

    Отворањето на 54. Мајски оперски вечери распродадено за рекордни 30 минути!

    април 17, 2026

Тагови

Vogue Моден викенд-Скопје Париз Скопје Тренд видео македонска мода македонски дизајнери модна ревија накит рекламна кампања стилски идеи улична мода шминка
  • Дома
  • Контакт
  • За Stylist.mk
  • Маркетинг

© 2014-2017 Stylist.mk. Сите права се задржани. Development & Hosting eXpressive graphics