На прес-конференција на Јамајка, во вилата на писателот Јан Флеминг, творецот на Џејмс Бонд, вчера беа откриени детали за новиот филм за најпознатиот таен агент во светот. Режисер на 25-от Бонд филм е Кери Џоџи Фукунага (True Detective, Beast of No Nation, Maniac), а Даниел Крег повторно се појавува во улогата Бонд. Но, како што веќе беше познато, Крег одлучи да ја напушти франшизата и за последен пат ќе го глуми тајниот агент, а вчера изјави се надева дека филмскиот серијал за Бонд го остава во добри раце.
Фукунага, Крег и продуцентите Барбара Броколи и Мајкл Г. Вилсон ги потврдија гласините дека во #Bоnd25 ќе се појави и оскаровецот Рами Малек. Тој ќе го глуми главниот негативец, а режисерот вчера го откри целосниот кастинг во филмот – во улогата на Медлин Сван се враќа Леа Сејду, потоа се репризираат улогите на Рејф Фајнс (М), Наоми Харис (Мис Манипени), Бен Вишоу (W), а најавени се и Џефри Врајт, Били Магнусен, Дали Бансала, Дејвид Денсиг, Ана де Армас и Лашана Линч.
Неколку сцени се веќе снимени во Норвешка, но официјално филмот почниува да се снима на 28 април, студиото Пајнвуд во Лондон, во Матера во Италија и после долго време на Јамајка. „На почетокот на филмот Бонд не е во активна служба, туку се одмора на Јамајка, местото што го сметаме за негово духовно прибежиште. Овде почнува приказната, кога мирот ќе му го наруши неговиот пријател Феликс Лајтер од ЦИА, кој бара помош. Мисијата е да се спаси киднапиран научник, што води до мистриозниот негативец кој е вооружен со опасна нова технологија… “, открива продуцентката Броколи.
Тимот не го открива насловот на новиот филм, засега работниот наслов е Бонд 25. Премиерата се очекува да биде во февруари следната година.
Нема коментари