Во пресрет на овогодишната ревија на популарниот бренд за долна облека „Викторија сикрет“ во Шангај, откриени се неколку парчиња од Victoria’s Secret x Balmain соработката. Партнерсвото на модниот гигант и дизајнерот на „Балман“ Оливие Рустен подразбира ексклузивни креации кои премиерно ќе бидат претставени на вообичаено спектакуларните ревии што брендот еднаш годишни ги организира. Капсулната колекција, прва што ќе го носи името на некој друг бренд и која од 29 ноември ќе се продава во продавниците на „Викторија сикрет“ ширум светот, содржи неколку градници, корсети и килоти, креирани во во панк рок стил, со елементи како како кариран дезен, мрежа и нитни.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари