Мистериозен, бескомпромисен и крајно таинствен, белгискиот дизајнер Мартин марџела со години претставува огромна енигма во модниот свет. Неговото творештво и лик се предмет на новиот краток документарен филм „Уметникот е отсутен“, што во продукција на групацијата Yoox го сними Алисон Черник. Дипломец на престижната академија во Антверп, Марџела често беше сметан за седмиот од култната „aнтверпска шестка“ на дизајнери, првата генерација на белгиски модни креатори кои се пробија на интернационалната сцена. Во филмот зборуваат Раф Симонс, Жан Пол Готје, Сузи Менкес, модниот куратор Оливие Сајард, како и Герт Брулот, човекот кој го препозна неизмерниот талент кај Марџела. Филмот од вчера може да се гледа на интернет, па погледнете го и вие.
Иако документарецот е поддржан од Марџела, тој не се појавува во филмот. Освен една неодобрена фотографија што може да ја добиете ако пребарувате на Google, само најблиските знаат како изгледа Мартин Марџела. (Колекција од 1990 година)
Нема коментари