Ревиите на авангардниот американски дизајнер Рик Овенс секогаш имаат одредена драматичност во изразот како и во облеката, но ваква драма не можеше ни самиот креатор да режира – на последната негова ревија за машката колеција во рамките на Париската недела на машка мода, еден од ангажираните манекени на пистата извади транспарент на кој пишува „Убијте ја Ангела Меркел“, но под овој некоректен став стои и зборот „не“, па малку е нејасно што сакал моделот со порака да каже. Дизајнерот Овенс бил лут на овој потег на манекенот, дури и го удрил кога манекенот се вратил во бекстејџ, но потоа и издаде официјално соопштение во кое се оградува од чинот. „Рик Овенс не презема одговорност за актот на протест од страна на модел за време на ревијата за пролет-лето 2016. Ова беше независна изјава и не го одразува мислењето на модната куќа на Рик Овенс“.
Нема коментари