Дизајнерката на чевли, Софија Вебстер, позната како миленичка на ѕвезди како Ријана и Рита Ора, деновиве отвори нов поп-ап продажен простор на Covent Garden во Лондон. Модниот агол е како мала цветна градина. Креаторката, која ја води самостојната линија на чевли само три сезони, се надева дека поп-ап просторот ќе се покаже како успешен и дека ќе ја охрабри да отвори голема продавница во 2015 година.
Чевлите на Софија Вебстер е колоритни, со многу додатоци, нитни и шари, кои сè почесто ги гледаме на црвениот килим.
Нема коментари