Брендот на накит „Капка“ на Јана Ацевска и охридската концептуална продавница Румор организираат привремена продавница во скопската галерија „Акантус“. Отворањето е в четврток, 8 јуни, во 18 часот, а трае до 18 јуни. На продажниот настан ќе бидат достапни креациите на Ацевска, на познатиот дизајнер Ристо Бимбилоски, на брендовите SEV-Paris, WE ARE OWLS-NY.
РУМОР е концепт продавница со локација во Охрид која на македонската публика нуди колекции од етаблирани модни дизајнери кои работат за познатите модни куќи како Balenciaga, Loewe, Martin Margiela, по цени прилагодени на нашиот пазар.
Во оваа прилика ќе имате можност да си набавите парче од RISTO – Paris /www.risto.com/ еден од нашите најуспешни модни дизајнери со долгогодишно искуство во модните куќи Louis Vuitton, Kenzo, а во моментов ангажиран како дизајнер во модната куќа Maison Margiela под водство на Џон Галијано.
SEV – Paris, колекција на “color block” кошули кои во моментов ги носат звезди како Artic Monkeys, Jay Z Frank Ocean итн.
WE ARE OWLS – New York /www.weareowls.com/ колекција на уникатни рачно печатени марами изработени од кашмир и свила по специјални цени.
KAPKA Jewelry, најразличните материјали ги трансформира во нослива уметност во форма на брошеви, обетки, ѓердани и белегзии.
Истражувањето и експериментирањето со материјали, облици и форми резултира во минималистички, современ спектар на накит.
Нема коментари