Данскиот бренд Ganni последниве месеци стана многу популарен и хит на Инстаграм, посебно внимание привлекоа џемперите од моделот Julliard, за што пишувавме ОВДЕ. Плетени со големи отвори, со балонести ракави и во неколку пастелни нијанси, овие џемпери со ретро расположение (како баба да ги плетела), ги освоија трендсетерките и модните инфлуенсерки. Слична верзија има во новата понуда на Mango. Во розова боја е, има со отвори и малку посмирени ракави, a чини 2.990 денари.
Нема коментари