После 25-годишна кариера во британското издание на Vogue Александра Шулман си заминува од позицијата главен и одговорен уредник со септмеврискиот број на чија насловна страница позираат пет супермодели од различни генераци: Кејт Мос, Стела Тенант, Еди Кембел, Џин Кембел и Нора Атал. Ова е крај на една модна ера во Vogue, а со последниот број Шулман ги слави „минатото, сегашноста и иднината“ што се забележува и во изборот на манекенките – Кејт и Стела го претставуваат минатото, Еди и Џин се актуелни во сегашноста, а 18-годишната Нина е иднината во манекенството. Фотографијата е дело на Марио Тестино. Манекенките носат креации од последната колекција на „Александар Меквин“.
Веќе од денес на позицијата на главен и одговорен уредник доаѓа Едвард Енинфул, кој во својот тим како соработници ги повика Кејт Мос, Венеша Скот, Наоми Кембел, Грејс Кодингтон и режисерот Стил Меквин. Шулман ја продолжува кариерата како колумнистка во Business of Fashion.
Нема коментари