„Јавна соба“ објавува повик за продукција на музички спотови за поединци и музички групи кои досега немаат снимено спот за истото дело. Повикот предвидува до 5 авторски бендови или индивидуални автори на музика од Македонија да се здобијат со свои спотови и со промоција на истите онлајн и во живо, промоција на спотовите на социјални мрежи и во слободни медиуми. Краен рок за пријавување на повикот е 30 Јуни 2017.
Музички бендови и поединци кои се автори на музика можат да се приклучат кон проектот Дотерај го Скопје и да снимат музички спотови. Повикот е достапен на error501.mk/music.
Продукцијата и промоцијата на авторска музика е дел од проектот „Дотерај го Скопје“, кој ќе кулминира во период 1-3 септември со фотографска изложба од сите урбани интервенции низ град Скопје, презентации од страна на урбаните херои кои имаат засадено бршлени низ градот, видео инсталации, гастро перформанси и богата музичка програма и дружење. Проектот „Дотерај го Скопје“ се реализира во рамки на кампањата „Мрдни со прст” и има за цел да влијае на подигнување на граѓанската свест за урбани прашања и поттикнување на граѓански активизам.
Нема коментари