Најуспешната модна блогерка Кјара Ферањи, која стои зад блогот The Blonde Salad, деновиве беше запросена од страна на нејзиниото момче италијанскиот рапер Федез, и тоа за време на неговиот настап во Верона. Пред голем аудиториум Федез ја побара за жена Кјара, во викендот кога таа го прославуваше својот 30-ти роденден во родната Италија. Кјара и Федез се во врска од минатата есен, а раперот испланирал да ја покани блогерката да се качи на сцената со него и да ја побара за жена со дијамантски орстен. Она што почна како викенд за славење на нејзиниот роденден, заврши како веридба. Италијанката Кјара пред неколку години се пресели во Лос Анџелес, но роденденот реши да го прослави во Италија заедно со семејството и блиските пријатели. После свршувачката во Верона, друштвото се префрлило во Венеција каде се фотографирани во персонализирани џемпери на Алберта Ферети на кои е сплетено името Кјара. Дел од прославата била и забавата на која биле поставени големи картонски кукли со Кјара во разлини модни комбинациии, поради кои таа стана толку успешна и позната. За време на запросувањето на концертот во Верона, Кјара носеше црн мини фустан украсен со кристали, со потпис на Ив Сен Лоран. *Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете линк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари