Познатите дами и трендсетерки како Џиџи Хадид, Сиена Милер, Кејти Холмс и Алекса Чанг периодов се забележани во еден ист модел на капут со потпис на Манго – двореден кремастобеж волнен капут кој изгледа луксузно и во кој вреди да се инвестира. Славните покрај скапата дизајнерска облека, бираат и модни парчиња од таканаречените „хајстрит“ брендови кои нудат мода со поповолни цени. Тоа веќе не е феномен, а пример е и овој капут од тековната премиум колекција на Манго.
Нема коментари