Шпанскиот моден бренд „Зара“ повторно актуелен со проектот #zarapictures и кампањата во која се вклучени ѕвездите на уличната мода, како на пример омилената Тејлор Томаси Хил, стилистка, поранешна уредничка во Teen Vogue и која недодамна го напушти местото на креативна директорка во Moda Operandi. Покрај неа во последните креации на „Зара“ фотографирани се и Аманда Брукс, поранешна модна директорка на Barney’s, Хејли Гејтс од Paris Review и Шери, модна уредничка на кинески Elle. Целта е да се објасни дека и познатите модни инсајдерки на кои им се достапни на најексклузивните модни парчиња од луксузните модни брендови, понекогаш сакаат да носат „Зара“.
Нема коментари