Луксузната италијанска модна куќа Prada и германскиот спортски гигант Adidas ја претставија заедничката колекција во која се спојуваат иконските дизајни на двата бренда. Од 4 декември ќе се продааваат овие два дизајна – модел на познатите Adidas Superstar патики и нова верзија на познатат Bowling чанта на Prada. Колекцијата е од лимитиран карактер, на пример произведени се само 700 пара #PradaAdidas патики, секој модел ќе биде сериски означен, цените на моделите сè уште не се откриени, а ќе бидат достапни онлајн и во селектирани продавници.
Нема коментари