Минатиот месец се појавија гласини за соработка меѓу луксузната модна куќа „Прада“ и спортскиот бренд „Адидас“, „Прада“ пред неколку часа официјално ја потврди соработката и објави кратко инфо за својот претстоен проект со „Адидас“. На Инстаграм и на својата веб страница, италијанската куќа објави слика на две кутии за чевли „Адидас“ – една за линијата Originals и втората е класична „Адидас“ кутија, a кои се ставени во кеса на „Прада“. Неофицијално, според PY_LEAKS, Твитер профил на кој „протекуваат“ информации за брендовите на патики, станува збор за два модела на патики, ќе се викаат Adidas Prada Sailing и ќе имаат бела, металик сребрена и црвена боја. Но, и оваа е шпекулација, останува да почекаме „Прада“ и „Адидас“ во следниве седмици да го го откријат конечниот заеднички производ.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрени на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари