Почнаа да се издвојуваат трендовите на обувки за есен-зима 2020/21, додека не се предадеме потполно на носењето зимски чизми, дел од есента можеме да ја поминеме во чевли како мокасините. На улиците на главните модни метрополи ги забележавме трендсетерките во неколку трендовски модели на чевли, едни од нив се мокасините со потпис на модната куќа Прада. Елегантните чевли од лакирана кожа со еден погруб момент – масивни ѓонови (тракторки), станаа предмет на желба за многу ѕвезди во уличен стил, вклучувајќи ги Пернил Тејсбек, Софија Коелјо и Вики Радер.
Мокасините на Прада се долготрајна инвестиција во гардероба. Овој класичен чевел е безвременски, но токму оваа есен ја врати својата популарност. Трендсетерките предлагаат мокасините да се носат со чорапи, дури и со бели, во стилот на модата од 50-тите.
Нема коментари