На 6-ти ноември, среда, Меѓународниот Балкански Универзитет со голема чест го пречекува д-р. Ендер Сарач, кој ќе одржи предавање насловено „Како да останеме секогаш млади, среќни и здрави?”. Предавањето ќе се одржи во конференциската сала на МБУ, со почеток во 11 часот.
Д-р. Ендер Сарач е познат автор на книги за здравиот начин на живот, здравата храна, тајните на ајурведа, духовното здравје, а неговите знаења за алтернативната медицина, акупунктурата, за здравиот начин на живот преку примена на ајурведа, диети и уште многу други области и техники, се на експертско ниво.
Овој настан ќе биде од отворен карактер и Меѓународниот Балкански Универзитет ги поканува сите заинтересирани да присуствуваат на ова исклучително предавање и да ја искористат оваа шанса да ги откријат тајните за долг и здрав живот.
Конференциската сала на МБУ е една од најголемите во државата, со капацитет од 450 седишта, опремена со највисоки стандарди на професионално озвучување, осветлување и видео проекција.
Нема коментари