На лансирањето на колекцијата за есен-зима 2018/19 британската дизајнерка Стела Макартни на моден настан во Лос Анџелес успеа на едно место да ги собере најголемите ѕвезди од светот на модата, музиката, филмот, како Кети Пери, Парис Џексон, Леонардо ди Каприо, Кејт Хадсон со мајка ѝ Голди Хоун, Дакота Џонсон, Миранда Кер, Бек, Кристина Агилера… Некои дури настанот го крстија Stella-chella, поврзувајќи го нејзиното име со името на музичкиот фестивал Коачела, имајќи предвид дека модната презентација се разви со забава и мини концерт со различни музичари, меѓу кои и нејзиниот татко, Пол Макартни.
На презентацијата во едно филмско студио во Лос Анџелес Стела прикажа женска и машка колекција за есен 2018 заедно, преку модели со графички принт, разни текстури и смели силуети. Според дизајнерката креациите се направени да ги задоволат сите потреби на клиентот од утро до ноќ – плетени фустани, капути, волнени сакоа, бунди од еко-крзно, лежерни фустани и комбинезони, како и неколку Adidas креации.
-Вечерва сме тука да се забавуваме. На овој начин ние навистина ги славиме Стела- жената и Стела-мажот и тоа колку сме ноншалантно секси и природни, и ја согледуваме модерноста, одговорноста и модната одржливост. И го славиме старомодниот рокенрол – изјави Стела за миксот на модна презентација, журка и музички концерт.
*Не е дозволено пренесување на содржината на www.stylist.mk без одобрение на уредништвото. При објавување на материјали од модниот сајт www.stylist.mk, во други медиуми задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот и поставете хиперлинк. Цитирањето и објавувањето на линкот е задолжително, во спротивност ќе подлежите на правни мерки.
Нема коментари