Британската принцеза Беатрис во тајност се венча со италијанскиот бизнисмен Едуардо Мапели Моци. Наместо раскошна кралска свадба со многу еминентни гости и бројна публика, внуката на британската кралица Елизабета II, се венча на интимна церемонија во црква во дворецот Виндзор. Наместо скапа венчаница направена по мерка, Беатрис позајми фустан од нејзината баба, односно креација што Елизабета ја носела на премирата на филмот „Лоренс од Арабија“ пред 59 години. Винтиџ моделот од гардероберот на кралицата е малку видоизменет со додавањње на транспарентни ракави. Беатрис од кралицата ја позајми и дијаманстаката тијара која што и самата ја носела на нејзината венчавка во 1947 година. Вообичаено е на кралските свадби, тијара да се позајми од колекцијата на кралицата и од кралскиот трезор.
Свадбите во време на коронавирус и треба да се малубројни и интимни, па после 235 години ова е првата тајна свадба на висок член на бритснкото кралско семејство. Некои ќе речат дека причина за ваквата свадба е пандемијата на вирусот, но за некои ова беше очекуван чекор за да се избегне голема кралска свадба со принцот Ендрју. Имено, Ендрју, таткото на невестата, подолго време е под лупа на правдата и јавноста поради неговата контроверзна дружба со озлогласениот Џефри Епстин, осуден за педофилија. Британското кралско семејтво објави неколку официјални фотографии од тајната свадба, Ендрју, не е на ниту една фотографија.
View this post on Instagram
#PrincessBeatrice vintage gown borrowed from her grandmother #QueenElizabeth and the Fringe Tiara used by the Queen on her wedding day ✨ A post shared by Loving Haute Couture (@lovinghautecouture) on
Нема коментари